Синдикално одбележување: седум години Синдикат на вработените во ЦУК и Центар за управување со кризи

Во понеделникот на први октомври,  во салата на Управувачкиот комитет на втори кат во зградата на ЦУК се одржаа неколку работи истовремено: состанок, што беше и мини собрание – избор на потпретседател, одбележувањето на седумгодишен јубилеј – постоење на Синдикат на вработените во ЦУК и на Центарот за управување со кризи и симболично испраќање во пензија на досегашниот потпретседател, Благоја Божиновски.

Во излагањето за досегашната активност на нашиот Синдикат на вработените во ЦУК, од страна на претседателот на Синдикатот на вработените на ЦУК, м-р Илија Бојаровски, беше потенцирано на неколку точки што позитивно отскокнуваат од редовните активности. Прво, тоа е враќањето на неоправдано укинатото одделение за медиумска продукција каде сите беа членови на синдикатот,  и, второ, големиот успех и респект што го постигнаа нашите членови на Синдикалните игри 2012, во дисциплината стрелаштво. Конкретно, да потсетиме тие освоија: злато – Сузана Тасевска и сребро – Велимир Источки во поединечна конкуренција, злато за севкупен победник и од мажи и од жени – Сузана Тасевска, злато – екипно и мажи и жени и бронза – екипно мешана екипа м/ж во дисциплина малокалибарски пиштол.

Во поглед на изборот на нов потпретседател заради заминување во пензија на претходниот, како единствен предложен кандидат за потпретседател беше избран Митевски Иван, од Секторот за операции и координации во централниот ЦУК во Скопје. Тој е еден од повозрасните и поискусни колеги во ЦУК, со долг стаж и во ЦУК и во Синдикатот.

Инаку, Благоја Божиновски, не беше во можност да биде присутен на свеченоста, но во текот на наредните две недели ќе биде присутен во Скопје и тогаш пригодно ќе му биде врачен подарокот за заминување во пензија.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.