Одржана средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски

На ден 18.03.2011 година одржана е средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која освен министерот беа присутни и државниот секретар г-дин Петар Еамеров и потполковник Спасе Дамјановски. Од страна на СОБ на средбата присуствуваа Претседателот на СОБ, Генералниот секретар и Извршниот одбор. На средбата се дискутираше за следните прашања:
– Стандардот на вработените,
– Услови за живот и работа,
– Униформа,
– Кантина во Гарнизонот Куманово.

Во врска со горенаведените прашања претседателот на СОБ и членовите на Извршниот одбор детално го информираа Министерот за одбрана и побараа што побрзо да се започе со решавање на горенаведените прашања кои се многу значајни за вработените во МО и АРМ. Во продолжение на состанокот Министерот за одбрана оделно за секое прашање одговараше и тоа:
– Во врска со стандардот на вработените се дојде до заклучок дека стандардот е на ниско ниво и од страна на министерството се прават напори да се подобри. Што се однесува до зголемување на платите на вработените нема да бидат зголемени само во нашето министерство, зголемувањето ќе биде за сите вработени во администрацијата како што е и планирано во програмата на владата.
– Што се однесува на условите за живот и работа, Министерот за одбрана истакна дека се прават напори да бидат подобрени но дека не можат работите да се решат преку ноќ, инаку како што знаете со години објектите не се реновирани во повеќето гарнизони, ние сега направивме план за реновирање и тој веќе се применува и постапно се средуват објектите по гарнизоните.
– Што се однесува до униформите, министерот истакна дека платното веќе е набавено, се чека тендерот да се заврши и униформите да почнат да се шијат и се надеваме дека до 18-ти Август ќе бидат готови.
– Што се однесува до кантината во Куманово, министерот за одбрана истакна дека е најдобро да не бараме повеќе кој ќе ја отвори, туку најдобро ќе биде министерството со свои сили ја среди и до крајот на годината да ја отвори и конечно да го затвориме оваа прашање околу кантината.

На крајот министерот истакна дека денешната средба беше многу корисна и конструктивна и дека се разговараше за многу нерешени прашања и дека во иднина ќе има повеќе средби на кои ќе се дискутира за нерешените прашања кои ги мачат вработените во МО и АРМ.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.