Заедничка отворена осмомартовска средба во ЦУК

Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи одржa заедничка отворена средба по повод 8-ми Март, токму на денот на жената, во седиштето на ЦУК во Скопје.
На средбата, покрај синдикалните челенови, присуствуваа и други колеги и колешки од ЦУК. Со таквото разнолико колегијалното дружење по повод значајни општествени датуми овој настан е на релација пригодно да го продолжи облагородувањето токму на такви традиционални чествувања.
Претседателот на Синдикат на вработените во ЦУК, м-р Илија Бојаровски, одржа пригоден воведен збор за дел од позитивната улога на синдикатот за развој на колегијалните односи во работната средина.
На средбата на членките на Синдикатот им беа доделени пригодни подароци, што е и традиција што се спроведува во синдикалната поширока средина во којашто е гранка и Синдикат на вработените во ЦУК, поточно и конкретно во Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Picture2На заедничка отворена средба по повод 8-ми Март се одржа и заеднички коктел, при што пријатната весела колегијална атмосфера секако е особен придонес за зајакнување на позитивните меѓучовечки односи во работната средина, нешто што е многу важно за секој поголем работен колектив.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.