РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

 

НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАНА , ЦУК и ДЗС

 

Синдикатот на Одбраната и безбедноста – СОБ, континуирано ја следи состојбата во Република Македонија, предизвикана од вирусот Ковид 19.

Најпрвин би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите.

Воедно, искажуваме огромен респект и почит на сите нашите колеги, вработени во Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија, кои, како и секогаш се наоѓаме во првите борбени редови на браникот на нашата татковината, и заедно со вработените во Здравството и Полицијата сме најистурени во активностите за сузбивање на вирусот и обезбедување на функционирање на Државата во овие вонредни услови.

СОБ, како грански синдикат здружен во Сојузот на Синдикатите на Македонија, неколку пати до Владата на РМ и надлежните министерства, достави предлог на итни мерки кои сметаме дека е потребно да бидат донесени од страна на Владата веднаш и без одлагање.

Со оглед дека разни политички субјекти, комори, како и организации на работодавачите, во овие кризни времиња предлагаат до владата на РМ да донесе мерки за намалување на платите на работниците, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста и предлага и укажува на Владата на Република Македонија, на Министерството за одбрана како и на директорите на ЦУК и ДЗС дека:

  • НЕ СЕ согласуваме да се намалат платите на вработените во Министерството за Одбрана, ЦУК и ДЗС,
  • Веднаш да се обезбедат и поделат заштитни средства (маски, ракавици, средства за дезинфекција на рацете и просториите и слично) на сите вработени во овие институции.

Мерките за надминување на здравствената криза, не смеат да се прекршуваат преку грбот на работникот, преку незаконско кратење на неговата плата, во овие моменти кога има покачување на цените на сите производи.

Со почит,

Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Претседател

Ристо Ајтов

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.