СИНДИКАЛНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ 2019 година

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) во периодот од 27.09.2019 г. до 30.09.2019 г. во хотел „Мизо“ во Охрид, ги организираше и одржа ХVII-тите по ред Синдикални спортски натпревари.

На игрите зедоа учество околу 180 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста, рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.

За успешно организирање и спроведување на годинешните Синдикални спортски натпревари се погрижи организациониот одбор и комисијата за спорт при Синдикатот на Одбраната и Безбедноста.

Свеченото отварање се одржа на ден 27.09.2019 година во 17:00 часот и истото започна со свечено дефиле и постројување на натпреварувачите. По интонирањето на химната на Република Македонија, на присутните им се обрати претседателот на СОБ, г-дин Ристо Ајтов кој ги поздрави натпреварувачите и им посака да имаат успех во натпреварувањата и посочи дека е позитивно што Синдикалните спортски натпревари ја задржаа својата традиционалност и како такви треба и понатаму да се негуваат. „Нека победат најдобрите“ – им порача на учесниците претседателот на СОБ и ги прогласи игрите за отворени.

Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

Победници по дисциплини се :

 

I-во место во Мал фудбал (м), РОО – Тетово,

I-во место во Баскет (м), РОО – Тетово,

I-во место во Баскет (ж), РОО – МО ГШ,

I-во место во Одбојка (м), РОО – Петровец,

I-во место во Одбојка (ж), РОО – ТРЦ,

I-во место во Пинг-понг (м), РОО – Илинден,

I-во место во Пинг-понг (ж), РОО – ЦУК,

I-во место во Шах (м), РОО – Куманово,

I-во место во Шах (ж), РОО – Велес,

I-во место во Пикадо (м), РОО – Штип,

I-во место во Пикадо (ж), РОО – Куманово,

I-во место во Влечење на јаже (м), РОО – Куманово,

I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО – Куманово,

I-во место во Стрелаштво (м), РОО – ЦУК,

I-во место во Стрелаштво (ж), РОО – Куманово.

– Најдобри резултати во дисциплината пикадо, во машка конкуренција, постигна Мухамед Ибраими од РОО – Велес, а во женска конкуренција, Емилија Манчиќ од РОО – Куманово.

– Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво, во машка конкуренција, постигна Владимир Зафировски од РОО – ЦУК, а во женска конкуренција, Сузана Тасевска од РОО – ЦУК.

На ревијалниот натпревар во стрелаштво со воздушна пушка, победник беше екипата на Воениот синдикат на Р.Србија, а второто место го освои екипата на Синдикатот на Министерство за Одбрана на Р.Словенија.

Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите со свои екипи учество зедоа и  преставници на Воениот синдикат од Р.Србија и Синдикатот на Министерство за Одбрана на Р.Словенија, со кои беа одржани неколку работни средби, на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.