СИНДИКАЛНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 02.10.2017 до 05.10.2017 година во хотел „Десарет“ во Охрид ги организираше и одржа ХV-ти по ред Синдикални спортски натпревари.

На игрите зедоа учество околу 200 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.

За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана на Република Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска како покровител на синдикалните спортски натпревари даде огромна помош и подршка во организацијата на игрите.

Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, баскет, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

Победници по дисциплини се :

  • I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Тетово;
  • I-во место во Баскет (м), РОО-Илинден;
  • I-во место во Баскет (ж), РОО-Велес;
  • I-во место во Одбојка (м), РОО-Тетово;
  • I-во место во Одбојка (ж), РОО-Штип;
  • I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Петровец;
  • I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-Чојлија;
  • I-во место во Шах (м), РОО-Велес;
  • I-во место во Шах (ж), РОО- Тетово;
  • I-во место во Пикадо (м), РОО-Кичево;
  • I-во место во Пикадо (ж), РОО-Илинден;
  • I-во место во Влечење на јаже (м), РОО-8043;
  • I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО- Куманово;
  • I-во место во Стрелаштво (м), РОО-ЦУК;
  • I-во место во Стрелаштво (ж), РОО- МО-ГШ.

Најдобри резултати во дисциплината  Пикадо во машка конкуренција постигна Мане Симуноски од РОО-Кичево, а во женска конкуренција Андроники Атанасоска од РОО-Илинден.

Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Ванчо Петковски од РОО-ЦУК, а во женска конкуренција Лидија Миновска Павловска од РОО-МО ГШ.

Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите присуствуваа преставници на Воениот синдикат од Р. Србија со кои беа одржани неколку работни средби на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите.

После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, на учесниците на синдикалните спортски натпревари се обрати министерот за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска после обраќањето на присутните натпреварувачи и гости, министерот за одбрана на Република Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска игрите ги прогласи за затворени и на сите им посака следната година да постигнат подобри резултати.

Синдикат на одбраната и безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.