Известување

Се известуват членовите на Синдикатот на одбраната и безбедноста дека на ден 30.08.2017 година се одржа состанок со претседателите на Регионалните основни организации во врска со организирање и одржување на XV-ти по ред традиционални Синдикални спортски натпревари кои ќе се одржат од 02.10.2017 – 05.10.2017 година во Охрид.

Синдикалните спортски натпревари ќе бидат во организација на Комисијата за спорт и натпреварувачкиот одбор при Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Учество на Синдикалните спортски натпревари ќе земат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија (ЦУК и ДЗС) членови на Синдикатот на одбраната и безбедноста рамномерно застапени според бројот на членови од сите Регионални основни организации.

Министерството за одбрана согласно Колективниот договор на Министерството за одбрана (потпишан од страна на Министерството за одбрана и Синдикатот на одбраната и безбедноста на ден 31.07.2013 година) ќе учествува во дел на финансирањето на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, додека останатите трошоци во врска со организацијата и одржувањето на Синдикалните спортски натпревари ќе бидат на товар на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Како покровител на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска со пригоден говор ќе ги отвори и затвори XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.