Финален завршен состанок за синдикални изборни активности на СВЦУК

Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи, СВЦУК, ги заокружи и ги заврши своите внатрешни синдикални изборни активности со давање доверба за нов мандат на досегашното раководство на СВЦУК. Членовите на синдикатот му дадоа над 80 проценти поддршка на предложеното раководство, кое и до сега, беше волонтерски на функција, во состав: Илија Бојаровски – претседател, Иван Митевски – потпретседател и Газмен Шерифи, секретар.

Финалниот завршен состанок за синдикални изборни активности – изборно Собрание на СВЦУК – Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи на Влада на Р. Македонија, се одржа на средината од април, 14.04.2016, при што се верификуваа и официјализираа, резултатите од веќе пристигнатите елктронски (а и во печатена форма) и/или преку пошта предлози и поддршка за кандидати за претседател, потпретседател и секретар на СВЦУК.

Илија Бојаровски, на состанокот, го поздрави присуството и соработката на претседател на СОБ, Ристо Ајтов, истовремено, поздравувајќи ги присутните и од службено отсутниот потпретседател на СВЦУК, Иван Митевски, кој беше на службена задача во друг град. При кусо навраќање кон целта на состанокот, тој потсети за целокупните изборни активности координирани со СОБ, што траеа речиси еден месец (од 18.03.2016): прво со координирање и конкретизирање на еден можен предлог за Раководство при крајот на март 2016-та, а потоа со поинтензивни 15-дневни активности по Одлуката на Претседателството на СВЦУК од 31.03.2016 за спроведување на „е-избори“, без трошење на финансии, со финален завршен состанок во рок од 15 денови. Притоа, секој член на Синдикат имаше можноста да се изјасни по предлог за Раководство или да даде предлог до сите членови веднаш по приемот на електронската порака, а со можност и да бара поддршка, преку лично изјаснување преку е-маил (во термин, прво од 1 до 7 април, а и со можност и за повторно изјаснување од 8 до 14 април, во случај, ако одреден прелогот за Раководство нема добиено 51% поддршка од вкупниот број членови).

Инаку, на Финалниот завршен состанок на Собранието на СВЦУК, при почетокот, беше изразена симболична едноминутна почит, со молчење, на нашиот прерано починат колега, Илчо Паужинков од РЦУК Свети Николе.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.