Известување

Почитувани колеги,

Би сакале да Ве известиме дека Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), како единствен репрезентативен синдикат во рамките на МО и АРМ во изминатиот период оствари повеќе средби со претставниците на МО и АРМ како социјални партнери и користејки го социјалниот дијалог како можност за подобрување на правата од работен однос на припадниците на МО и АРМ, преговараше за почитување на обврските кои произлегуваат од Колективниот договор на Министерството за одбрана.

Согласно тоа Комисијата за следење, примена и толкување на одредбите на Колективниот договор на Министерството за одбрана (каде што СОБ партиципира со тројца претставници) на ден 13.03.2015 година донесе заклучок дека е потребно Министерот за Одбрана да донесе акт со кој што ќе им се укаже на потчинетите организациски единици дека треба да ги почитуваат односно имплементираат одредбите од колективниот договор при изготвување на соодветни решенија или акти кои се однесуваат на правата од работен однос за вработените во МО и АРМ.

Согласно тоа, Министерот за одбрана на ден 30.03.2015 година донесе наредба со која ги задолжи потчинетите организациски единици во МО и АРМ, да при донесувањето на решенија или акти го почитуваат членот 28, членот 35 и членот 48 од Колективниот договор на Министерството за одбрана, а кои се однесуваат за право од работен однос во врска со годишниот одмор како и отсуство од работа со надомест на плата.

Со почит,

 Синдикат на одбраната и безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.