Известување

sob_logo-150x150Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), дека на ден 22.01.2015 година од страна на министерот за одбрана донесено е Решение за формирање на Комисија за следење, примена и толкување на одредбите од Колективниот договор на Министерството за одбрана.

Комисијата е формирана врз основ на членот 136 од Колективниот договор кој гласи „За следење на примената на овој колективен договор, Министерството и Синдикатот формираат заедничка комисија за следење, примена и толкување на одредбите на овој колективен договор, на паритетна основа“.

            Како што е наведено во Решението за формирање на Комисија од страна на министерот за одбрана, Комисијата ја следи примената на одредбите од Колективниот договор на министерството за одбрана и постапува по барања на вработените во Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија.

            Ги повикуваме членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста кои сметаат дека не им се почитуваат правата кои се предвидени во одредбите од Колективниот договор на министерството за одбрана, да се обратат до канцеларијата на СОБ, каде од страна на гореспомнатата комисија ќе бидат разгледани нивните барања.

Со почит,

Синдикат на одбраната и безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.