Во средината на јануари, поточно на 15.01.2015 година, со почеток во 11.00 часот, во зградата на ЦУК во Скопје, се оствари Средба за информирање на членовите на Синдикатот на вработените во ЦУК, со адвокатот на Синдикатот, Димитрија Атанасовски. На средбата присутните добија непосредни информации правни информативни совети, укажувања и можности, а и други информации за други работи од правен аспект, согласно работата којашто ја работат, стажот и слично. Инаку, покрај членови на Синдикатот на вработените во ЦУК, на средбата присуствуваа и други вработени.
Интересот на присутните беше насочен кон остварувањето на правата согласно кариера и во контекст на идното остварување на правата согласно новиот Закон за јавна администрација (објавен во Сл. Весник на Р.М. број 27 на 05 февруари 2014 година, со дополнувања на 30.12.2014) кој што ќе стапи во сила во половината на февруари, а ќе престане да важи Законот за државни службеници.
Членовите на синдикат при остварување на своите права немаат адвокатски трошоци за услуга без разлика дали добиле или изгубиле судски спор преку синдикалниот адвокат, ни пред, а ниту по судењето (Познато е дека судска такса, други такси кон државата, вештачење, трошоци за сведоци и слично – што не се адвокатска услуга, не се на товар на Синдикаот, туку тоа нормално паѓа на товар на членот, тужител).
Инаку, Атанасовски е ангажиран, како наш синдикален адвокат за потребите на членовите, од април 2007 година. Во оваа прилика потсетуваме дека приемен ден за бесплатна правна помош за членовите е секоја среда од 16,30 до 19,30 часот, а може да се оствари и друга средба во друг ден, со претходна најава и договор за закажување (на телефон 02/3239-550 и/или 070-363-446 од 09 до 15 часот и од 18 до 20 часот.
Со почит,
Синдикатот на вработените во ЦУК,
претседател, м-р Илија Бојаровски
сл. т.: во ЦУК – 02/3249-165, моб. 070/376-502