Програмата е поврзана со делувањето на СОБ, одредена динамика на планирани активности како и од расположливите финансиски средства на СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:
1. Преземање на мерки и активности за почитување на одредбите од Колективниот договор
1.1. Преземање на мерки и активности од наша страна до Министерството за одбрана за почитување на одредбите од потпишаниот Колективен договор во кој се уредуваат, односно доуредуваат правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работните односи или во врска со работните односи.
2. Донесување на измени во Законот за служба во АРМ
2.1. Измени во Законот за Служба во Армијата на Република Македонија во насока на прилагодување кон постоечките членови од Колективниот договор;
2.2. Следење на спроведувањето на Законот за служба во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија;
2.3. Измена на Законот за служба глава XIV (станбено обезбедување) од член 192 до член 198 со предлог на измени во одредени членови кои од страна на СОБ се доставени до Министерството за одбрана и ГШ на АРМ;
2.4. Измена во Законот за служба во членот 223, после ставот еден да се додаде нов став кој би гласел „Решение од став (1) на овој член е должен да донесе министерот за одбрана или од него овластено лице, на лично барање на лицето кое ги исполнува условите од член 220 на овој закон”.
2.5. Следење на реализацијата на законските измени во врска со сататусот на професионалните војници по истекување на договорот. Разгледување на можни подобрувања на законските решенија за професионалните војници;
2.6. Следење и спроведување на законските решенија за ЦЛ во Законот за служба, Законот за државни службеници и во донесување на подзаконските акти;
2.7. Поставување на непоставените АВЛ и ЦЛ со упатување, а АВЛ и ЦЛ кои не се поставени на соодветни работни места во догледен период да се постават на соодветни работни места и решение за воените лица кои имаат 25 години работен стаж и лица кои се трајно неспособни за служба во АРМ;
2.8. Следење и спроведување на законските решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
2.9. Следење и спроведување на соодветни решенија за вработените во ЦУК и ДЗС.
3. Зголемување на стандардот на вработените
3.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на решение за зголемување на платите сразмерно со порастот на трошоците за живот;
3.2. Подобрени интендански решенија за воената униформа (можност за полесна замена на униформа и опрема) формирање на воени продавници;
3.3. Примена на Законот за безбедност и здравје;
3.4. Превземање на мерки од наша страна до Министерството за одбрана за отварање на кантини во гарнизоните во кои сеуште не е решено оваа прашање, а со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана за вработените во тие гарнизони;
3.5. Подобрување на условите за живот и работа во касарните.
4. Станбена проблематика
4.1. Овозможување на откуп на службените станови на сегашните корисници на службени станови;
4.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во Законот за служба (измена на Законот за служба глава XIV станбено обезбедување од член 192 до член 198) од страна на СОБ се доставени до Министерството за одбрана и ГШ на АРМ;
4.3. Следење на програмата АРМ мој вистински дом за трајно решение на станбеното прашање на вработените со изградба на нови станови. СОБ со соодветни постапки да делува во правец на побрза реализација на горенаведената програма.
5. Синдикални спортски натпревари
5.1. Организирање и одржување на Синдикални спортски натпревари.
6. Информирање на членовите на СОБ
6.1. Со соопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
6.2. Електронска пошта: преку ВЕБ страната и преку е-маил;
6.3. Прес конференции по потреба.
7. Унапредување на синдикалното движење
7.1. Активно учество во европски и светски синдикални организации и информирање за активностите;
7.2. Соработка со сродни синдикати од Европа и Балканот, меѓусебна размена на искуства;
7.3. Активно учество и придонес во ССМ;
7.4. Продлабочување на соработката со синдикатот на МВР.
8. Одбележување на свечености и празници
8.1. Осмомартовски подароци;
8.2. Новогодишни пакетчиња;
8.3. Изработка на рекламен материјал за членовите на СОБ;
8.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.