Програма и финансиски план за поддршка на програмата на СОБ за 2014 година

Програмата е поврзана со делувањето на СОБ, одредена динамика на планирани активности како и од расположивите финансиски средства на располагање во СОБ, но начелно Ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Преземање на мерки и активности за почитување на одредбите од Колективниот договор

1.1. Преземање на мерки и активности од наша страна до Министерството за одбрана за почитување на одредбите од потпишаниот Колективен договор во кој се уредуваат, односно доуредуваат правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работните односи или во врска со работните односи.

 2. Донесување на измени во Законот за служба во АРМ.

2.1. Усогласување на Колективниот договор со Законот за служба во Армијата на Република Македонија, измени во Законот за Служба во Армијата на Република Македонија во насока на постоечките членови од Колективниот договор;

2.2. Следење на спроведувањето на Законот за служба во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија;

2.3. Измена на Законот за служба глава  XIV (станбено обезбедување) од член 192 до член 198 со предлог на измени во одредени членови кои од страна на СОБ се доставени до Министерството за одбрана и ГШ на АРМ;

2.4. Изнаоѓање на решение за професионалните војници, за унапредување во подофицерски чин и статусот по истекување на договорот, разгледување на можните подобри законски решенија за професионалните војници и следење на законските обврски во активната резерва и привилегиите за вработување;

2.5. Спроведување на законските решенија за ЦЛ во Законот за служба, Законот за државни службеници и во донесување на подзаконските акти;

2.6. Поставување на непоставените АВЛ и ЦЛ со упатување, а АВЛ и ЦЛ кои не се поставени на соодветни работни места во догледен период да се постават на соодветни работни места и решение за воените лица кои имаат 25 години работен стаж и лица кои се трајно неспособни за служба во АРМ;

2.7. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;

2.8. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК и ДЗС.

3. Зголемување на стандардот на вработените

3.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на решение за зголемување на платите сразмерно со порастот на трошоците за живот;

3.2. Подобрени интендански решенија за воената униформа (можност за полесна замена на униформа и опрема) формирање на воени продавници;

3.3. Примена на Законот за безбедност и здравје;

3.4. Преземање на мерки од наша страна до Министерството за одбрана за отварање на кантини во гарнизоните во кои сеуште не е решено оваа прашање, а со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана за вработените во тие гарнизони;

3.5. Подобрување на условите за живот и работа во касарните.

 4. Станбена проблематика

4.1. Овозможување на откуп на службените станови на сегашните корисници на службени станови;

4.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во Законот за служба (измена на Законот за служба глава XIV стамбено обезбедување од член 192 до член 198) од страна на СОБ се доставени до Министерството за одбрана и ГШ на АРМ;

4.3. Следење на програмата АРМ мој вистински дом за трајно решение на стамбеното прашање на вработените со изградба на нови станови, претставниците на СОБ кои се одредени во стамбената комисија да делуваат во правец на побрзо започнување на градба на становите.

 5. Синдикални спортски натпревари

5.1. Организирање и одржување на Синдикални спортски натпревари.

 6. Информирање на членовите на СОБ

6.1. Со соопштенија и известувања (сите членови на СОБ);

6.2. Електронска пошта: преку ВЕБ страната и преку е-маил;

6.3.Прес конференции по потреба.

 7. Унапредување на синдикалното движење

7.1. Активно учество во европски и светски синдикални организации и информирање за активностите;

7.2. Соработка со сродни синдикати од Европа и Балканот, меѓусебна размена на искуства;

7.3. Активно учество и придонес во ССМ;

7.4. Продлабочување на соработката со синдикатот на МВР.

8. Одбележување на свечености и празници

8.1. Осмомартовски подароци;

8.2. Новогодишни пакетчиња;

8.3. Изработка на рекламен материјал за членовите на СОБ;

8.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.

9. Финансиски план за подршка на програмата на СОБ

9.1. Надоместоци за состаноци на органи и тела на СОБ;

9.2. Исплата на средства по основ на Правилникот за солидарен фонд на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста;

9.3. Одбележување на значајни денови во текот на календарска година;

9.4. Трошоци за работа на канцеларијата на СОБ;

9.5. Учество во активностите на Синдикатите надвор од РМ;

9.6. Синдикални спортски натпревари – 1.400.000,00 денари;

9.7. Подароци за 8-ми Март – 250.000,00 денари;

9.8. Новогодишни пакетчиња – 900.000,00 денари;

9.9. Рекламен материјал за членовите на СОБ – 400.000,00 денари.

Забелешка: Во подточките од точката 9 трошокот ќе изнесува согласно присуствата, бројот на состаноци и нивниот обем. Средствата за исплата по Правилникот за солидарен фонд зависат од поднесените барања.

Генерален секретар на СОБ, Aцo Спасовски

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.