Предновогодишен коктел

На ден 27.12.2013 година во 12:00 часот во домот на АРМ во Скопје со скромен коктел беше свечено одбележан успешниот завршеток на 2013 година. На  присутните гости им се обратија претседателот на СОБ Ристо Ајтов кој ги поздрави гостите и членови на СОБ и им посака среќни новогодишни и божиќни празници како на присутните така и на нивните семејства со желба 2014 година да ни биде подобра во секој поглед. Потоа пред присутните членови на СОБ и останатите гости се обрати министерот за одбрана г-дин Талат Џафери кој истакна дека годината што измина е успешна посебно што од страна на министерството и синдикатот е потпишан Колективниот договор со кој членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста, а и сите вработени во МО и АРМ ќе имаат бенифит од Колективниот договор, односно поповолни права во однос на законот за служба во АРМ и на крајот министерот на сите присутни им ги честиташе новогодишните и божиќните празници со желба 2014 година да ни донесе среќа и радост како на нас така и на нашите семејства. Исто така истакнуваме дека покрај министерот гости на коктелот ни беа и: заменик на министерот г-дин Емил Димитриев, државниот секретар во министерството за одбрана г-дин Сашо Стефаноски, началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески, заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал мајор Димче Петровски, претседателот на ССМ г-дин Живко Митревски и останати гости.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.