На ден 27.03.2013 година одржана е VI-тата седница на советот на која се дискутираше за следните прашања:
– Седницата ја отвори претседателот на СОБ – Ристо Ајтов кој кажа дека пред да ја започнеме седницата на Советот потребно е да извршиме верификација на нов член на Совет од РОО-Петровец Верица Додевска која е и нов претседател на РОО-Петровец по извршената верификација усвоен е записникот од предходната седница.
– Од страна на претседателот на Надзорен одбор Тони Цветковски презентиран е годишниот извештај од Надзорниот одбор, каде од страна на Надзорниот одбор е констатирано дека нема отстапувања и дека финансиските сретства се трошени според донесените одлуки од страна на Советот и Извршниот одбор и како таков од страна на членовите на Советот е усвоен едногласно.
– Од страна на членовите на Советот едногласно е донесена Одлука за организирање на Синдикални спортски игри за 2013 година.
– Генералниот секретар Ацо Спасовски ја презентираше предлог програмата на активности за 2013 година и истата е усвоена едногласно од страна на членовите на Советот.
– Претседателот на СОБ ги информира членовите на Советот за одржаната средба со НГШ на АРМ на ден 11.03.2013 година и за ставот на СОБ да членовите на СОБ на кои им стигнале решенија за прекин на закупнина да не враќаат пари ретроактивно но ставот на НГШ беше да од 11.04.2013 година од кога им се дадени овластувања од страна на министерот персоналот да си ги врати парите ретроактивно но може да им се излезе во пресрет па парите да ги враќаат на повеќе рати и ако тоа не ни се допаѓа да им пренесеме на членовите да одат по судски пат до остварување на правата.
Скопје, 27.03.2013 година Генерален секретар на СОБ, Ацо Спасовски