ПРОГРАМА на активности на СОБ за 2013 година

Програмата е поврзана со традицијата на делувањето на СОБ, одредена динамика на планирани активности како и од расположивите финансиски средства на располагање во СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Потпишување на нов колективен договор
1.1. Превземање на мерки од наша страна до Министерството за одбрана за што поскоро потпишување на нов колективен договор кој е веќе усогласен од страна на комисиите кои беа формирани од страна на Министерот за одбрана и со веќе усогласениот Колективен договор, а согласно закон ќе се уредат односно доуредат правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

2. Донесување на измени во Законот за служба во АРМ
2.1. Следење на спроведувањето на Законот за служба во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија;
2.2. Измена на Законот за служба глава XIV (станбено обезбедување) од член 192 до член 198 со предлог на измени во одредени членови ;
2.3. Изнаоѓање на решение за професионалните војници, за прием, унапредување во подофицерски чин и статусот по истекување на договорот, разгледување на можните подобри решенија за професионалните војници и следење на законските обрски во активната резерва и привилегиите за вработување;
2.4. Спроведување на законските решение за ЦЛ во Законот за служба, Законот за државни службеници и во донесувањето на подзаконските акти;
2.5. Поставување на непоставените старешини и старешините со упатување и решение за воените лица кои имаат 25 години стаж, а се ранети во б/д или повредени во текот на службата;
2.6. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
2.7. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК .

3. Зголемување на стандардот на вработените
3.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на решение за зголемување на платите сразмерно со порастот на трошоците за живот;
3.2. Подобрени интендантски решенија за воената униформа (можност за полесна замена на униформа и опрема) формирање на воени продавници;
3.3. Примена на законот за безбедност и здравје;
3.4. Превземање на мерки од наша страна до Министерството за одбрана за отварање на кантини во гарнизоните во кои сеуште не е решено оваа прашање, а со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана за вработените во тие гарнизони;
3.5. Превземање на мерки за донесување на нови стандарди за исхрана во КТБ и промена на застарените листи на јадења и донесување на нови рецептури кои Ќе бидат со стандардите на НАТО и нашата традиционална кујна;
3.6. Подобрување на условите за живот и работа во касарните.

4. Станбена проблематика
4.1. Овозможување на откуп на службените станови на сегашните корисници на службени станови;
4.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во Законот за служба (Измена на Законот за служба глава XIV станбено обезбедување од член 192 до член 198 со предлог на измени во одредени членови);
4.3. Следење на програмата АРМ мој вистински дом за трајно решение на станбеното прашање на вработените со изградба на нови станови, претставниците од СОБ кои се одредени во станбената комисија да делуваат во правец на побрзо започнување на градба на становите.

5. Синдикални спортски игри
5.1. Организирање и одржување на Синдикални спортски игри.

6. Информирање на членовите на СОБ
6.1. Со соопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
6.2. Електронска пошта: преку веб страна и преку е-маил;
6.3. Прес конференци по потреба.

7. Туристички прошетки и шопинг
7.1. Можност за организирање на туристички посети и шопинг во Република Македонија и странство.

8. Унапредување на синдикалното движење
8.1. Активно учество во европски и светски синдикални организации и информирање за активностите;
8.2. Соработка со сродни синдикати од Европа и Балканот, меѓусебна размена на искуства;
8.3. Активно учество и придонес во ССМ;
8.4. Продлабочување на соработката со синдикатот на МВР.

9. Одбележување на свечености и празници
9.1. Осмомартовски подароци;
9.2. Новогодишни пакетчиња;
9.3. Изработка на рекламен материјал за членовите на СОБ;
9.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.

Скопје, 27.03.2013 година                                Генерален секретар на СОБ, Ацо Спасовски

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.