Заедничка традиционална Новогодишна средба во ЦУК во соработка со Синдикатот на вработените и актуелното раководство во ЦУК

Во кусата историја на Центарот за управување со кризи, веќе по вторпат на заедничка новогодишна средба со членовите на Синдикатот и со вработените, Синдикатот на вработените во ЦУК го чествува пригодно заокружувањето на Старата, а дочекувањето на Новата година, конкретно 2013-та заедно во соработка со актуелното раководство во ЦУК.

На заедничката средба, на присутните, покрај директорот Зулфи Адили и заменик директорот, Мутаир Максуд, им се обрати со пригодна реч и претседателот на Синдикатот на вработените во ЦУК, м-р Илија Бојаровски. Притоа, без да се заборави и на колегите кои веќе не се со нас, беше нагласена компонентата на развивање и унапредување на меѓучовечките односи во работната средина за продуктивна иднина.

            По честитките за Нова Година имаше и скромен заеднички коктел, при што со добра мисла беше упатена порака и до сите коишто не присуствуваа, што во целост Ви ја пренесуваме:

– СРЕЌНА НОВА 2013 ГОДИНА И СЕ НАЈДОБРО ВАМ И НА ВАШИТЕ БЛИСКИ!

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.