Моменти од синдикалната активност на СВЦУК, Синдикатот на вработените во ЦУК

Работна средба со дел од раководството  на ЦУК – изразување задоволство за враќањето одредени права на дел од претседателството на нашиот синдикат

При животот и работата се среќаваме со различни ситуации и повеќепати ги бележиме неубавите и негативните… Но, ред е да ги одбележиме и убавите работи. Во случајов е неодминливо да се одбележат одредени убави моменти при заокружување на нашата синдикална активност со изразување задоволство за враќањето на укинатото одделение за продукција и одредени права на дел од претседателството на СВЦУК – Синдикатот на вработените во ЦУК.

            Досега нашиот синдикат, СВЦУК, имаше остварено повеќе продуктивни средби со најтесното раководство на ЦУК и по мирен пат и по пат на преговори и договорање ја креираше активноста, најлесто преку работни средби со потесното раководство на ЦУК.  Во таа насока се и сегашните такви активности. Конкретно, на 25 септември претседателот и секретарот, на нашиот синдикат, СВЦУК, м-р Илија Бојаровски и Газмен Шерифи, одржаа работна средба со директорот и заменик директорот на ЦУК, господин Зулфи Адили и господинот Мутаир Максуд. На средбата прво на функционерскиот двочлен кадар во ЦУК им беше изразено задоволство од враќањето на укинатото Одделение за медиумска продукција, што во март 2010 неправедно беше укинато, а во коешто беше дел од раководството, претседателството на нашиот Синдикат, СВЦУК. Истовремено, беше прецизирано и враќањето на одредени одземени службени можности на претседателството на СВЦУК (прием на странки, службени телелефонски броеви, чип-пропустливост во сите сектори во зградата на ЦУК, интернет појак и поширок сообраќај…). Ваквите работни средби даваат можност за конструктивно и продуктивно заедничко дејствување и на СВЦУК и на ЦУК во унапредување на односите со вработените коишто се членови на Синдикатот, што позитивно ќе се одрази и на пошироката работна средина.

26.09.2012, Скопје

Синдикат на вработените во ЦУК
Претседател
Илија Бојаровски

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.