Oтворена поддршка од Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) за поднесувањето на Предлог законот за уредување на посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства кој е поднесен во Собранието на РМ

Почитувани,

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) го поздравува и отворено го поддржува поднесувањето на предлог законот за уредување на посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства кој е поднесен во Собранието на РМ.

Предложеното законско решение сеопфатно ги регулира правата на припадниците на безбедносните сили, особено што покрај припадниците на безбедносните сили од 2001 година и нивните семејства се опфатени и припадниците на безбедносните сили кои служат на мисии во странство, што претставува дополнителен стимул и гаранција за овие припадници и нивните семејства и претставува солидна основа за решавање на овој проблем на припадниците на безбедносните сили  и добра база преку еден конструктивен процес системски да се решат повеќе прашања кои  долги години наназад беа оспорувани и неправедно запоставувани.

Исто така треба да нагласиме дека од особена важност е што се посветува внимание и се опфаќаат во рамките на законско решение и правата на припадниците на безбедносните сили од Министерството за одбрана и АРМ кои ги загубиле животите во војните во поранешна СФРЈ, на воените инвалиди и на членовите на нивните семејства.

Како Синдикат спремни сме да го дадеме нашиот придонес за носење на квалитетно законско решение. Предупредуваме дека се работи за исклучително значајна категорија на граѓани чија решеност и пожртвуваност во службата спрема државата не треба да биде предмет на политички калкулации и комбинаторики. Треба да се напушти политичкото калкуланство и од страна на сите политички партии да се поддржи носењето на вакво законско решение.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста
претседател
Ристо Ајтов

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.