Информација за брифинг средби, по повод активности во ЦУК, (според заклучоци од Влада на РМ од 50-седница, за вишок вработени во државните институции), со директорот и со заменик директорот на ЦУК

Синдикатот на вработените во ЦУК, постојано, ја следи актуелната ситуација во својата и во пошироката работна средина, како и состојбите и појавите коишто влијаат на правата и на економската стабилност на неговите членови. Притоа, нашиот синдикат,  конструктивно реагира и се обидува да придонесува за остварување на правата, моралните и етички норми за своите членови, државни службеници, во согласност со договорите и можностите.

Во тој контекст, согласно актуелноста на активностите во ЦУК, според заклучоци од Влада на РМ од 50-седница –  конкретно за 100 вишок врботени во ЦУК, одржавме информативни, брифинг, средби со директорот и со заменик директорот на ЦУК.

Средбите беа со насока за конструктивно да влијаеме за зачувување на правата и економската стабилност на наши членови кои по игра на случајот се вброени како вишок за транфер во други институции. Затоа, официјално дадовме генерален список на наши членови, вработени во ЦУК, посочувајќи дека треба да се зачува и човечката димензија во целиот процес. Истовремено, како и при кајот на 2010 година, укажавме дека како една од методологиите за решавање на вишокот вработени е применлив кај нас во поголема мерка и познатиот американски и европски принцип: „Последен дојден – прв си оди“. Конкретно, за поткрепа на таа метологија за решавање вишок во нашата работна средина, дадовме и пример-список со нововработени (вкупно 70, а од тогаш до сега немаме податок, а има уште нововработени), направен уште при крајот на 2010 година, кога ние предвидувавме дека ќе се дојде до вакви можни ситуации и аналогно на тоа и се подготвувавме за слични ситуации. Посочивме дека, нашето залагање што било и ќе биде, има конструктивна димензија за изнаоѓање решенија поволни за наши членови кои се погодени негативно од овие активности за посочување вишок 100 вработени во ЦУК.

Скопје, 26.03.2012

Синдикат на вработените во ЦУК
Претседател
Илија Бојаровски

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.