Средба со Министерот за одбрана

На ден 21.12.2011 година на барање на СОБ се одржа средба со Министерот за одбрана господинот Фатмир Бесими со неговите соработници. На средбата присуствуваше и НГШ на АРМ генерал мајор Горанчо Котески и СОБ преставувано од Претседателот и Извршниот одбор на СОБ.
На средбата од страна на претседателот на СОБ и претставниците на Извршниот одбор на Министерот за одбрана му ги презентираа актуелните барања и проблеми на членовите на СОБ.

Средбата беше конструктивна и се разговараше за следниве прашања поставени од страна на Претседателот и Извршниот одбор:
– Подобрување на стандардот на вработените;
– Доцнење на исплата на надоместок за закупнина на станарина и дневници за дежурство;
– Недостаток на опрема за замена (чизми, униформа);
– Подобрување на условите за живот и работа на вработените;
– Потпишување на колективниот договор.

На почеток од средбата Министерот не поздрави и кажа затоа што ова е прва средба со него би било добро сите да се престават.
По преставувањето збор зеде Претседателот на СОБ кој го претстави Синдикатот на Одбраната и Безбедноста како репрезентативен синдикат со најголем број на членови со кој до сега МО остваруваше соработака и средби за решавање на сите проблеми кои ги засегаат вработените во МО на АРМ, ГШ на АРМ и државните службеници, а тоа се подобрување на стандардот на вработените т.е зголемување на платите, навремена исплата на додатоците кои ги добиват вработените, недостаток на униформа и чизми за замена, подобрување на условите за живот и работа на вработените и како приоритет би го истакнал потпишување на колективниот договор кој со предходниот Министер за одбрана и неговите соработници беше целосно усогласен но не се потпиша поради предвремените парламентарни избори што значи дека на нас ни останува малку работа, потребно е да одредите кординатор кој ќе соработува со нас и ќе го разгледа колективниот договор и ќе ви презентира што сме направиле и ако има забелешки од ваша страна да видиме што може да се направи. Истакна дека преставниците на синдикатот во изминатиот период со свои претставници учествуваа во разни комисии за решавање на проблемите на вработените, па се надева дека и во наредниот период ќе имаме успешна соработка на сите полиња кои ги засегаат нашите членови, а сето тоа да го правиме како рамноправни социјални партнери.
Министерот рече дека како што истакна претседателот на СОБ, би сакал нашата соработка да биде како рамноправни социјални партнери и сите проблеми што ги има и што ќе се појават да се решават на маса заеднички и според можностите. Разговорите треба да бидат реални и треба да ја согледаме економската состојба во државата, а не да се излегува веднаш на улица и да се презентират работи кои ја дескридитират Армијата и и го рушат угледот, а како што знаеме истата има најголема доверба кај народот што на нас треба да ни преставува голема чест и задоволство. Министерот истакна дека “што се однесува до стандардот на вработените, сакам да ве информирам дека оваа година имаме поголем буџет и ќе можеме да планираме повеќе пари за подобрување на стандардот на вработените т.е средување на објекти постапно, до 18.08.2012 година сите припадници на Армијата да имат нови униформи, инаку наредната недела ќе имаме промоција на новите униформи, а контигентот од Тетово што ќе оди во мисија ви Авганистан ќе биде облечен во новите униформи а што се однесува до исплата на закупнина на стан и дневници сакам да ве информирам дека што се однесува до нас се е направено за исплата се чека од Министерството за финансии инаку за мене лично приоритет е да се исплатат платите на вработените па потоа за што ќе има пари по приоритет”.
Што се однесува до потпишување на колективниот договор претседателот на СОБ со господинот Илми да го разгледаат, усогласат и потоа г-дин Илми да го достави на увид и ако нема некои посебни забелешки да го потпишеме.
НГШ на АРМ истакна дека тој ги знае сите проблеми што ги истакнавме и дека некои работи што се случуват не се во ред и дека персоналот треба повеќе да се информира и дека како што вели тој има подобрување на состојбите по касарните.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.