На ден 14.05.2010 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која беа отворени повеќе прашања меѓу кои беа следните:
Активна резерва. Кога ќе почнат да се повикуват пфв кои си заминале од Армијата? Министерот одговори дека прво треба да се донесе акт за формирање на активната резерва па потоа ќе се повикуват пфв кои си заминале од АРМ за да потпишат договор.
Кантина во Куманово. Министерот истакна дека на тендерот не се јавил никој за да земе под закуп и отвори кантина па затоа потребно е од страна на синдикатот да се побара лице кое ќе сака да ја земе под закуп кантината.
Колективен договор. Во врска со колективниот договор министерот даде задача да се отпочне со работа и во понатамошниот период да се потпише.
Во понатамошниот тек на разговорот претседателот на СОБ го информираше министерот за одбрана дека СОБ со најголем број на членови е репрезентативен синдикат и министерството единствено треба да преговара само со синдикатот кој е репрезентативен а тоа е СОБ.
Средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски
Bookmark the permalink.