Старосната граница за професионалните војници нема да се зголеми?

На ден 19.10.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која присуствуваа претседателот на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста), Генералнот секретар, член на извршен одбор одговорен за пфв и 5 (пет) пфв од разни гарнизони. На средбата присуствуваа и уште 9 (девет) пфв кои се преставија како кординативно тело.
Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски истакна дека сите ние што сме денеска тука, дојдени сме за да го решиме проблемот со професионалните војници. Координативното тело ги изнесе своите барања а тоа се:

  • Отпремнина или
  • Зголемување на старосната граница.

Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски изнесе што нуди министерството за одбрана и ако се договориме се тоа ќе влезе во Законот за одбрана и Законот за служба. Истотака г-дин Зоран Коњановски целосно го изложи проектот за „активна резерва”:

  • после 37 година дообука на пфв за разни специјалности,
  • после 38 година т.е после завршување на договорот до 48 година активна резерва,
  • за месечните примања ќе се договара накнадно,
  • додека пфв се во активна резерва ќе имаат право да работат, а кога ќе бидат повикувани на вежби работодавачите ќе имаат обврска да ги ослободуват и сето тоа ќе биде законски регулирано,
  • вежбовните активности ќе бидат регулирани со исплата на дневници.

Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски истакна и дека старосната граница нема да се зголеми, а што се однесува до отпремнината ќе се види во наредниот период што ќе се направи во врска со ова барање.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.