РЕГИОНАЛНА ОСНОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА – ЦУК
Претседател на Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија
Претседател: Илија Бојаровски
Контакт: 071/381-770 или 070/376-502
Е-пошта: ilija.bojarovski@gmail.com или ilija.bojarovski@cuk.gov.mk
1. Лични информации
Националност: Македонец
Дата на раѓање: 24.11.1965
Пол: машки
Брачен статус: женет, 1 брак, 4 деца
2. Завршено образование, ангажмани, вежби, курсеви и семинари
2.1. Завршено образование
Има завршено Филолошки факултет, Книжевност со македонски јазик во Скопје на Унирвизитетот Св. Кирил и Методиј, ф. факултет Блаже Конески. Веднаш по завршувањето на факултетот бил запишан на постипломски студии на групата Македонска книжевност. Двата семестра се административно регулирани и поминати со редовно присуство на предавања. Но, тие први мастер студии не ги дозаокружува со магистратура заради причини произлезени од одредени општествени промени и други настани во 1991 во Република Македонија (воени вежбовни активности) и од лични семејни причини (формирање семејство). Во 2010 се запишува на Мастер студии – Односи со јавноста на УКИМ, ги положува испитите и на крај од 2011 ја предава својата магистерска теза и денес, во февруари 2012 е пред одбрана на својот магистерски труд Создавањето медиумски продукти во јавната администрација во функција на односите со јавноста.
2.2 Вежби, курсеви, семинари
- 1996 во јуни-јули на мултинационална воена вежба Мировен орел 96 е ангажиран како новинар/уредник на Одбрана и е вклучен истовремено во дел од активностите на американскиот Прес информативен центар (PIC);
- 1996 во октомври на мултинационалната вежба Спасител 96 – Финална конференција, работи во PIC – Прес информативен центар (односи со јавноста, уредник за ТВ и печатени продукти, новинар, видео и фото);
- 1997 во јуни-јули на мултинационална воена вежба Спасител 96 работи во PIC (односи со јавноста, уредник за ТВ и печатени продукти, новинар, видео и фото);
- 1998 во јуни на мултинационалната воена вежба Најдобар кооперативен зафат 98-Финална конференција работи во PIC (односи со јавноста, уредник за ТВ и печатени продукти, новинар, видео и фото);
- 1998 во есента на мултинационалната воена вежба Најдобар кооперативен зафат 98 работи во PIC (односи со јавноста, уредник за ТВ и печатени продукти, новинар, видео и фото);
- 1998 во октомври го посетува и го завршува Курсот за комуникации – односи со јавноста, за портпарол во Шпиец, Швајцарија;
- 2000 и 2001 завршува 2 курса за англиски јазик со американски професори во Воената академија;
- 2000 година – посетува семинар Функции за односи со јавноста (Министерство за одбрана на РМ и Генералштаб на АРМ);
- 2001 година- посетува Семинар Односи со јавноста во рамки на Воената контакт програма со САД во Министерство за одбрана на РМ;
- 2006 година го посетува и го завршува Првиот курс за комуникации – односи со јавноста во Регионалниот тренинг центарот за комуникации, во рамки на програмата Партнерство за мир, лоциран на Воената академија во Македонија.
- 2007 година на вежба СУША 2007 е ангажиран како вд раководител на одделението за продукција за медиумско документирање на вежбата креирање и создавање продукти за јавноста во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
- 2008 година на вежба ПОПЛАВА 2008 е ангажиран како вд раководител на одделението за продукција за медиумско документирање на вежбата креирање и создавање продукти за јавноста во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
- 2012 година на вежба ДАЛГА 2012 е ангажиран како вд раководител на одделението за продукција за медиумско документирање на вежбата креирање и создавање продукти за јавноста во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
2.3 Работа и ангажмани
- Од 1984 до 1988 – за време на неговите студии повремено соработува како надворешен соработник со весниците Млад Борец и Студентски Збор со објавување прикази, текстови, поезија.
- Од 1988/89 до 1993 година работи во МТВ (Македонската Телевизија) како новинар-соработник – редактор: во Скопска програма, а потоа во Информативната програма во Дописна редакција – Дневник на МТВ, во Деск – Дневник на МТВ.
- Од 1993 до 1998 година почнува да работи како уредник во реномираното целосно колорно списание Одбрана.
- Од 1994 до 2000 соработува како Независен автор, уредник и продуцент на блок рубрика со Македонска телевизија со Утринската програма и други програми.
- Од 1999 до 2000 година една година работи во Кабинетот на министерот за одбрана во Одделението за односи со јавноста како одговорен за електронските медиуми.
- Од 2000 до 2005 година работи повторно во списанието Одбрана, како уредник и заменик-главен уредник.
- Од 01.10.2005 година почнува да работи како единствен одговорен за односите со јавноста во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
- Од јули 2006 година работи како вд раководител на Одделението за односи со јавноста и продукција (коешто тој и го формира) во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
- Од февруари 2007 година работи како вд раководител на Одделението за продукција во Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија.
Инаку, за време студирањето повремено соработува со весниците Студенски збор и Млад Борец. Од 1993 година до денес соработува, инцидентно, а во некои случаи и редовно со списанија, дневни весници и телевизии. Објавувал текстови во Армиски збор, Ловец, Пет, Талент, Одбрана, Храна и вино, имал редовна двегодишна рубрика Ловечко катче во Дневник и др. Од 1994 година Соработува како автор и водител на ТВ-блок рубриките Ловечко катче коешто се емитуваше во ТВ програмата Добро утро Македонијо и (1999) во ТВ програмата Инстинкти на МТВ. Од 2000 година е автор, уредник и водител на ТВ програмата Ловечко око, којашто се емитува преку мрежа од 20 до 30 локални ТВ станици во цела Република Македонија, од 2006 преку Сателетскиот центар ТАРБС сателитски и во светот, а од 2008 на ТВ Телма. Во рамки на телевизиската работа автор е на сценариото и режијата, а и учествувал во реализирањето на повеќе документарни емисии прифатени од Советот за радиодифузија на Република Македонија (Белиот водопад, Ѓаволски мост, ТВ лектира – македонски раскази за деца, Вечни лузни, Опила – дамнешен центар на Македонија и други). Најмалку од 2000 година е ангажиран постојано како автор, уредник и проект менаџер во различни ТВ проекти, програми и емисии во продукција на Независната продукција Бојаровски: Културен фокус (емисија од културата), Погледи (општественополитичка емисија), Ловечко око (програма за престој и спорт во природа со еколошка димензија во себе) и многу други ТВ проекти реализирани за нарачатели.
- Работи и на други ТВ и печатени проекти во соработка со меѓународни организации и други невладини организации во Република Македонија.