Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста дека раководството на СОБ во месец Март оддржа два работни состанока со членовите на РОО ТРЦ и РОО Илинден – СО Гардиска единица.

На состанокот во РОО Илинден – Синдикална организација Гарда, се разговараше за (не)почитувањето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија која е донесена од страна на владата на Р.Македонија.

Имено, со гореспоменатата уредба се опфатени кои единици од АРМ се квалификувани како посебни специјалности од особено значење за АРМ. Сепак и покрај тоа, во правилникот за дополнителни бодови сеуште има единици од АРМ кои не се опфатени а се составен дел од таа уредба. Припадниците на Гардиската единица неоправдано се изоставени од гореспоменатиот правилник, па поради тоа СОБ веќе отпочна со активност во насока да сите припадници на единиците на АРМ кои се опфатени со уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ, бидат вградени во правилникот за дополнителни бодови и добијат зголемени бодови на својата плата.

Во РОО – ТРЦ се одржа состанок со членовите на СОБ во ТРЦ. На почетокот на состанкот беше укажано на главните активности на СОБ во изминатиот период, односно исплатата на јубилејната награда во висина на една нето просечна плата, покачувањето на платата на припадниците на АРМ и сл.

На состанокот беа изнесени проблеми од страна на професионалните војници, т.е решавањето на нивниот статус после 45 години возраст. Иако согласно законот за служба во АРМ: „Професионалните војници со навршување на 45 години возраст засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, а согласно со нивната стручна подготовка и лични способности.”, сепак во реалноста доследно не се почитува законското решение. Со оглед дека за краток временски период, одреден број на ПФВ ќе наполни 45 години возраст, СОБ започна со превземање на активности за трајно решавење на овој проблем.      Во таа насока СОБ веќе оддржа состанок со членови на владата на Р. Македонија, на кој состанок се отпочнаа преговори за бројот и начинот на префрлање на ПФВ во сродните и други државни институции.

 Во делот околу пензионирањето на припадниците на МО и АРМ, беше укажано дека СОБ веќе ги привршува предлог измените на законот за служба во АРМ, при што ставот на СОБ е дека припадниците на МО и АРМ треба да заминуваат во старосна пензија со навршени 40 години пензиски стаж, при што при пресметката како основа да се земаат најдобрите 10 години од работниот век.

 

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

Share

Известување

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) како единствен релевантен синдикален фактор во Министерството за одбрана и потписник на Колективниот договор на Министерството за одбрана, успешно ги заврши преговорите со Министерството за одбрана во врска со почитување на Колективниот договор во делот на Јубилејната награда.

Имено согласно Одлуката на Извршниот одбор на СОБ, претседателот на СОБ на ден 20.12.2017 година  ја потпиша измената и дополната на член 97 од Колективниот договор на Министерството за одбрана, која се однесува на правото на Јубилејна награда за вработените во МО и АРМ.

Потпишаната измена и дополна на Колективниот договор на Министерството за одбрана ќе овозможи остварување на правото на исплата на Јубилејна награда за сите вработени во МО и АРМ  кои имаат најмалку 15 години работен стаж во МО и АРМ.

Би сакале да искажеме благодарност на сите членови на СОБ, како и на останатите вработени во МО и АРМ, кои го подржуват искрениот пристап и залагање на СОБ како синдикат кој вистински се бори за реално подобрување и унапредување на правата од работниот однос во МО и АРМ.

Ги повикуваме сите вработени во МО и АРМ да пристапат кон зачленување во СОБ каде заеднички би можеле поуспешно да се бориме за подобрување на нашите работнички права.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share

Известување

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) кои денеска се јавуваа и прашуваа дали ги следува јубилејната награда за навршени 15 и повеќе од 15 години ефективна работа во МО и АРМ.

Во членот 97 од Колективниот договор на Министерството на одбрана потпишан на ден 31.07.2013 година кој гласи „За непрекината работа во ефективно траење од 15 години во Министерството за одбрана и во Армијата, на работникот му се доделува јубилејна награда во висина на една просечна нето плата исплатена во Република Македонија во предходните три месеци, доколку се обезбедени средства во Буџетот на Министерството“. Со оглед на горе наведеното во членот 97 од Колективниот договор, СОБ смета дека сите лица кои имаат 15 и повеќе од 15 години ефективна работа во МО и АРМ ги следува јубилејна награда.

Инаку да Ве информираме дека Министерството за одбрана од ГШ на АРМ има побарано список на вработени кои ги следува јубилејната награда т.е Министерството за одбрана  ќе им уплатува јубилејни награди на лицата вработени во АРМ врз основ на доставениот список од ГШ на АРМ. СОБ ќе ги следи состојбите и  ќе пружи правна подршка на сите членови на СОБ кои нема да добијат јубилејна награда, а го исполнуват условот согласно Колективниот договор.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

СИНДИКАЛНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 02.10.2017 до 05.10.2017 година во хотел „Десарет“ во Охрид ги организираше и одржа ХV-ти по ред Синдикални спортски натпревари.

На игрите зедоа учество околу 200 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.

За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана на Република Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска како покровител на синдикалните спортски натпревари даде огромна помош и подршка во организацијата на игрите.

Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, баскет, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

Победници по дисциплини се :

  • I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Тетово;
  • I-во место во Баскет (м), РОО-Илинден;
  • I-во место во Баскет (ж), РОО-Велес;
  • I-во место во Одбојка (м), РОО-Тетово;
  • I-во место во Одбојка (ж), РОО-Штип;
  • I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Петровец;
  • I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-Чојлија;
  • I-во место во Шах (м), РОО-Велес;
  • I-во место во Шах (ж), РОО- Тетово;
  • I-во место во Пикадо (м), РОО-Кичево;
  • I-во место во Пикадо (ж), РОО-Илинден;
  • I-во место во Влечење на јаже (м), РОО-8043;
  • I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО- Куманово;
  • I-во место во Стрелаштво (м), РОО-ЦУК;
  • I-во место во Стрелаштво (ж), РОО- МО-ГШ.

Најдобри резултати во дисциплината  Пикадо во машка конкуренција постигна Мане Симуноски од РОО-Кичево, а во женска конкуренција Андроники Атанасоска од РОО-Илинден.

Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Ванчо Петковски од РОО-ЦУК, а во женска конкуренција Лидија Миновска Павловска од РОО-МО ГШ.

Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите присуствуваа преставници на Воениот синдикат од Р. Србија со кои беа одржани неколку работни средби на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите.

После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, на учесниците на синдикалните спортски натпревари се обрати министерот за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска после обраќањето на присутните натпреварувачи и гости, министерот за одбрана на Република Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска игрите ги прогласи за затворени и на сите им посака следната година да постигнат подобри резултати.

Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

Известување

Се известуват членовите на Синдикатот на одбраната и безбедноста дека на ден 30.08.2017 година се одржа состанок со претседателите на Регионалните основни организации во врска со организирање и одржување на XV-ти по ред традиционални Синдикални спортски натпревари кои ќе се одржат од 02.10.2017 – 05.10.2017 година во Охрид.

Синдикалните спортски натпревари ќе бидат во организација на Комисијата за спорт и натпреварувачкиот одбор при Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Учество на Синдикалните спортски натпревари ќе земат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија (ЦУК и ДЗС) членови на Синдикатот на одбраната и безбедноста рамномерно застапени според бројот на членови од сите Регионални основни организации.

Министерството за одбрана согласно Колективниот договор на Министерството за одбрана (потпишан од страна на Министерството за одбрана и Синдикатот на одбраната и безбедноста на ден 31.07.2013 година) ќе учествува во дел на финансирањето на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, додека останатите трошоци во врска со организацијата и одржувањето на Синдикалните спортски натпревари ќе бидат на товар на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Како покровител на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска со пригоден говор ќе ги отвори и затвори XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

25 години АРМ

Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) на своите членови и на сите припадници на Армијата на Република Македонија им го честита 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.

На Вас и на Вашите семејства Ви посакуваме среќа и успех како на личен така и на професионален план.

Синдикатот на одбраната и безбедноста во наредниот период ќе се фокусира и ќе вложи максимални напори преку социјален дијалог со надлежните лица во Министерството за одбрана да изнајде решенија за напластените проблеми со кои секојдневно се среќаваат припадниците на Армијата на Република Македонија.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), Ве известуваме  дека на ден 08.06.2017 година, раководството на СОБ како единствен репрезентативен синдикат во рамките на МО и АРМ и воедно потписник на Колективниот договор на Министерството за Одбрана оствари средба со Министерот за Одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска.
На средбата ги изнесовме проблемите и опструкциите со кои се соочуваше СОБ во периодот кога со Министерството за Одбрана  раководеше бившиот министер. Исто така Министерот за Одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска ја запознавме со напластените проблеми со кој се соочуваат вработените во МО и АРМ, а посебен акцент ставивме на подобрување на стандардот на вработените во МО и АРМ како и подобрување на условите за живот и работа.
Очекуваме дека во скоро време ќе биде реализиран проектот за зголемување на стандардот на вработените во МО и АРМ со кој професијата „припадник на безбедносните сили“ ќе се издигне на повисоко ниво.
Од страна на Министерот за Одбрана беше истакнато дека во СОБ гледа вистински социјален партнер со кој низ дијалог ќе се решаваат проблемите со кои се соочуваат вработените во МО и АРМ.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share