Средба со Министерот за одбрана

На ден 21.12.2011 година на барање на СОБ се одржа средба со Министерот за одбрана господинот Фатмир Бесими со неговите соработници. На средбата присуствуваше и НГШ на АРМ генерал мајор Горанчо Котески и СОБ преставувано од Претседателот и Извршниот одбор на СОБ.
На средбата од страна на претседателот на СОБ и претставниците на Извршниот одбор на Министерот за одбрана му ги презентираа актуелните барања и проблеми на членовите на СОБ.

Средбата беше конструктивна и се разговараше за следниве прашања поставени од страна на Претседателот и Извршниот одбор:
– Подобрување на стандардот на вработените;
– Доцнење на исплата на надоместок за закупнина на станарина и дневници за дежурство;
– Недостаток на опрема за замена (чизми, униформа);
– Подобрување на условите за живот и работа на вработените;
– Потпишување на колективниот договор.

На почеток од средбата Министерот не поздрави и кажа затоа што ова е прва средба со него би било добро сите да се престават.
По преставувањето збор зеде Претседателот на СОБ кој го претстави Синдикатот на Одбраната и Безбедноста како репрезентативен синдикат со најголем број на членови со кој до сега МО остваруваше соработака и средби за решавање на сите проблеми кои ги засегаат вработените во МО на АРМ, ГШ на АРМ и државните службеници, а тоа се подобрување на стандардот на вработените т.е зголемување на платите, навремена исплата на додатоците кои ги добиват вработените, недостаток на униформа и чизми за замена, подобрување на условите за живот и работа на вработените и како приоритет би го истакнал потпишување на колективниот договор кој со предходниот Министер за одбрана и неговите соработници беше целосно усогласен но не се потпиша поради предвремените парламентарни избори што значи дека на нас ни останува малку работа, потребно е да одредите кординатор кој ќе соработува со нас и ќе го разгледа колективниот договор и ќе ви презентира што сме направиле и ако има забелешки од ваша страна да видиме што може да се направи. Истакна дека преставниците на синдикатот во изминатиот период со свои претставници учествуваа во разни комисии за решавање на проблемите на вработените, па се надева дека и во наредниот период ќе имаме успешна соработка на сите полиња кои ги засегаат нашите членови, а сето тоа да го правиме како рамноправни социјални партнери.
Министерот рече дека како што истакна претседателот на СОБ, би сакал нашата соработка да биде како рамноправни социјални партнери и сите проблеми што ги има и што ќе се појават да се решават на маса заеднички и според можностите. Разговорите треба да бидат реални и треба да ја согледаме економската состојба во државата, а не да се излегува веднаш на улица и да се презентират работи кои ја дескридитират Армијата и и го рушат угледот, а како што знаеме истата има најголема доверба кај народот што на нас треба да ни преставува голема чест и задоволство. Министерот истакна дека “што се однесува до стандардот на вработените, сакам да ве информирам дека оваа година имаме поголем буџет и ќе можеме да планираме повеќе пари за подобрување на стандардот на вработените т.е средување на објекти постапно, до 18.08.2012 година сите припадници на Армијата да имат нови униформи, инаку наредната недела ќе имаме промоција на новите униформи, а контигентот од Тетово што ќе оди во мисија ви Авганистан ќе биде облечен во новите униформи а што се однесува до исплата на закупнина на стан и дневници сакам да ве информирам дека што се однесува до нас се е направено за исплата се чека од Министерството за финансии инаку за мене лично приоритет е да се исплатат платите на вработените па потоа за што ќе има пари по приоритет”.
Што се однесува до потпишување на колективниот договор претседателот на СОБ со господинот Илми да го разгледаат, усогласат и потоа г-дин Илми да го достави на увид и ако нема некои посебни забелешки да го потпишеме.
НГШ на АРМ истакна дека тој ги знае сите проблеми што ги истакнавме и дека некои работи што се случуват не се во ред и дека персоналот треба повеќе да се информира и дека како што вели тој има подобрување на состојбите по касарните.

Share

Конгрес на СОБ

На ден 30.06.2011, 01 и 02.07.2011 година одржан е Конгрес на СОБ во хотелот “Романтик” на Велешко езеро. На Конгресот како единствен кандидат за претседател на СОБ, а врз основ на дадената подршка од Извршниот одбор и од 8 регионални основни организации и немањето на друг кандидат, со акламација беше избран Ристо Ајтов за претседател на СОБ.

Share

Состанок на Извршниот одбор на СОБ

На ден 16.06.2011 година одржан е состанок на Извршниот одбор, за доставените записници од Регионалните основни организации, а во врска со подршка на Ристо Ајтов за кандидат за претседател на СОБ. Од вкупниот број на РОО на Ристо Ајтов му дадоа подршка 8 РОО, а 4 РОО не дадоа подршка но не предложија свој кандидат. Извршниот одбор му даде подршка на Ристо Ајтов за повторен избор на претседател на СОБ.
Врз основ на горенаведеното констатирано е дека единствен кандидат за претседател на СОБ е Ристо Ајтов.

Share

Состанок на Советот на СОБ

На ден 06.05.2011 година одржан е состанок на Советот на кој се дискутираше за подготовките за одржување на Конгресот и тоа дневниот ред на Конгресот да го подготви Извршниот одбор и да го достави до претседателите на региони, делегати на Конгресот да бидат сите членови на советот т.е на секои 60 члена по еден делегат, така што да се запази структурата на делегатите за Конгресот.
Претседателот на членовите на советот им образложи се во врска со одржување на Конгресот за што и се донесе одлука за одржување на Конгресот на ден 30.06.2010, 01 и 02.07.2011 година во хотелот „Романтик“ на Велешкото езеро. Во продолжение се дискутираше околу хранарината каде е кажано дека хранарината нема да ни биде исплатена од страна на министерството и затоа ќе бидеме приморани да поднесеме тужби преку адвокатот кој е ангажиран од страна на синдикатот. Се работи за периодот од 11.04.2008 година до 17.02.2009 година, а услугите на адвокатот ќе може да ги користат сите членови и оние кои ќе станат членови на синдикатот.

Share

Одржана средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски

На ден 18.03.2011 година одржана е средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која освен министерот беа присутни и државниот секретар г-дин Петар Еамеров и потполковник Спасе Дамјановски. Од страна на СОБ на средбата присуствуваа Претседателот на СОБ, Генералниот секретар и Извршниот одбор. На средбата се дискутираше за следните прашања:
– Стандардот на вработените,
– Услови за живот и работа,
– Униформа,
– Кантина во Гарнизонот Куманово.

Во врска со горенаведените прашања претседателот на СОБ и членовите на Извршниот одбор детално го информираа Министерот за одбрана и побараа што побрзо да се започе со решавање на горенаведените прашања кои се многу значајни за вработените во МО и АРМ. Во продолжение на состанокот Министерот за одбрана оделно за секое прашање одговараше и тоа:
– Во врска со стандардот на вработените се дојде до заклучок дека стандардот е на ниско ниво и од страна на министерството се прават напори да се подобри. Што се однесува до зголемување на платите на вработените нема да бидат зголемени само во нашето министерство, зголемувањето ќе биде за сите вработени во администрацијата како што е и планирано во програмата на владата.
– Што се однесува на условите за живот и работа, Министерот за одбрана истакна дека се прават напори да бидат подобрени но дека не можат работите да се решат преку ноќ, инаку како што знаете со години објектите не се реновирани во повеќето гарнизони, ние сега направивме план за реновирање и тој веќе се применува и постапно се средуват објектите по гарнизоните.
– Што се однесува до униформите, министерот истакна дека платното веќе е набавено, се чека тендерот да се заврши и униформите да почнат да се шијат и се надеваме дека до 18-ти Август ќе бидат готови.
– Што се однесува до кантината во Куманово, министерот за одбрана истакна дека е најдобро да не бараме повеќе кој ќе ја отвори, туку најдобро ќе биде министерството со свои сили ја среди и до крајот на годината да ја отвори и конечно да го затвориме оваа прашање околу кантината.

На крајот министерот истакна дека денешната средба беше многу корисна и конструктивна и дека се разговараше за многу нерешени прашања и дека во иднина ќе има повеќе средби на кои ќе се дискутира за нерешените прашања кои ги мачат вработените во МО и АРМ.

Share

ПРОГРАМА на активности на СОБ за 2011 година

Програмата е поврзана со традицијата на делувањето на СОБ, одредена динамика на планирани активности како и од расположивите финансиски средстава на располагање во СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Донесување на измени во Законот за служба во АРМ.
1.1. Следење на спроведувањето на Законот за служба во АРМ со активно учество и следење на донесувањето на подзаконските и најавените измени во Законот за служба во АРМ.
1.2. Изнаоѓање на решение за пфв, за прием, унапредување во подофицерски чин и статусот по истекување на договорот, разгледување на можните подобри решенија за пфв и следење на законските обврски во активната резерва и привилегиите за вработување;
1.3. Спроведување на законските решенија за ЦЛ во новиот Закон за служба и во донесувањето на подзаконските акти.
1.4. Поставување на непоставените старешини и старешините со упатување и решение за воените лица кои имаат 25 години, а се ранети во б/д или повредени во текот на службата;
1.5. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
1.6. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК.

2. Зголемување на стандардот на вработените
2.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на решение за зголемување на платите сразмерно со порастот на трошковите за живот;
2.2. Следење на состојбите и благовремено поставување на иницијативи за враќање на дневниците за дежурство и зголемување на дневниците за службен пат;
2.3. Рехабилитација на повредените и ранетите од б/д во бањи, одморалишта или скијачки центри;
2.4. Подобрени интендантски решенија за воената униформа (можност за полесна замена и купување на униформа и опрема) формирање на воени продавници.
2.5. Следење на хигиенските и техничките услови и укинување на монополот на кантините со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана.
2.6. Инсистирање за донесување на нови стандарди за исхрана во КТБ и промена на застарените листи на јадења и донесување на нови рецептури кои ќе бидат со стандардите на НАТО и нашата традиционална кујна;
2.7. Подобрување на условите за живот и работа во касарните.

3. Станбена проблематика
3.1. Овозможување на откуп на службените станови на сегашните корисници на службени станови;
3.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во новите измени во Законот за служба;
3.3. Следење на програмата АРМ мој вистински дом за трајно решение на станбеното прашање со изградба на новите станови, вметнување на претставник на СОБ во станбените комисии. Делување во правец на побрзо започнување на градба на становите.

4. Синдикални спортски игри
4.1. Одржување на финални спортски игри;
4.2. Зголемување на бројот на учесници на игрите, поголема масовност.

5. Информирање на членовите на СОБ
5.1. По региони:
– информирање со сите членови во Регионот еднаш годишно;
– информирање на синдикалниот одбор од регионите на СОБ;
5.2. Со издавање на информатор, со сопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
5.3. Електронска пошта: отварање на веб страна и преку е-маил.
5.4. Прес конференци по потреба.

6. Туристички прошетки и шопинг
6.1. Можност за организирање на туристички посети и шопинг во Република Македонија и странство.

7. Унапредување на синдикалното движење
7.1. Активно учество во ЕУРОМИЛ и информирање за активностите. Доставување на покана за земја домаќин на состанок на ЕУРОМИЛ;
7.2. Соработка со сродни синдикати од Европа и Балканот, меѓусебни посети и размена на искуства;
7.3. Активно учество и придонес во КСС;
7.4. Соработка со синдикатот на МВР.

8. Закон за учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ
8.1. Изработка и учество во донесување на Закон за учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ заедно со синдикатот на МВР.

9. Одбележување на свечености и празници
9.1. Осмомартовски подароци;
9.2. Новогодишни пакетчиња;
9.3. Изработка на рекламен материјал за членовите на СОБ;
9.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.
9.5. Одбележување на годишнина од формирање на СОБ.

Share

Средба со Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски

На ден 14.05.2010 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која беа отворени повеќе прашања меѓу кои беа следните:
Активна резерва. Кога ќе почнат да се повикуват пфв кои си заминале од Армијата? Министерот одговори дека прво треба да се донесе акт за формирање на активната резерва па потоа ќе се повикуват пфв кои си заминале од АРМ за да потпишат договор.
Кантина во Куманово. Министерот истакна дека на тендерот не се јавил никој за да земе под закуп и отвори кантина па затоа потребно е од страна на синдикатот да се побара лице кое ќе сака да ја земе под закуп кантината.
Колективен договор. Во врска со колективниот договор министерот даде задача да се отпочне со работа и во понатамошниот период да се потпише.
Во понатамошниот тек на разговорот претседателот на СОБ го информираше министерот за одбрана дека СОБ со најголем број на членови е репрезентативен синдикат и министерството единствено треба да преговара само со синдикатот кој е репрезентативен а тоа е СОБ.

Share