Честит 1 МАЈ

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста на своите членови и на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот – Први мај.


Share

Честитка по повод најголемиот христијански празник

Во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста им посакува на своите членови и на сите православни верници, велигденските празници да ги поминат во духовен мир, хармонија и многу љубов.
Со мир во душата, љубов во срцето, со верба во бога и со слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме.
Среќни велигденски празници!

Share

Владата на Република Македонија ги изгласа измените на Законот за служба во АРМ

Со измените на законот се предвидуваат зголемувања на старосната граница за прием на служба во АРМ од досегашните 23 години на 25 години, со што би се зголемил бројот на заинтересирани млади луѓе за оваа професија и со тоа би се зголемила конкуренцијата за прием во АРМ.

Воедно за прв пат целосно се брише старосната граница со која еден професионален војник може да биде произведен во подофицер и на тој начин својот работен однос да го трансформира од определено работно време на неопределено. Во иднина тоа би било исклучиво на највисоки професионални стандарди.

А исто така се зголемува и старосната граница за вршење служба во АРМ од 38 на 45 години со што се решава статусот на професионалните војници во најголем дел кои својата професија ја започнале порано и со бенефицираниот стаж ќе ги исполнат условите за нивно пензионирање, изјавува за Курир министерот за одбрана Емил Димитриев.

Тој додава и дека со овие измени се решава и долгогодишниот проблем на воздухопловниот персонал на АРМ кој имал значително пониски примања од своите колеги во другите институции.
Со зголемувањето на бодовите за плата, овој персонал, вели Димитриев, ќе го заслужи долгоочекуваното покачување на своите примања.

Share

Професионалните војници на служба во АРМ до 45 години

Владата и Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) на 13.02.2012 година постигнаа договор границата за ангажирање на професионалните војници од 38 да биде поместена на 45 години, а за вработување во Армијата наместо до 23 да се помести на 25 години.
Измените се засноваат на искуствата од земјите членки на НАТО и се во рамките на проектот “Паметна одбрана”.

Договорот е постигнат на средбата на министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими со претставници на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ). Од Министерството за одбрана за измените го известија и претставникот на НАТО во Македонија полковник Јордан Јорданов, кој имаше средба со министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими. Според Јорданов, кој е началник на НАТО советодавниот тим во Скопје, договорот дава придобивки и на Синдикатот и на Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана во соработка со Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) во најкраток можен рок ќе ги подготви измените во Законот за служба во АРМ и ќе ги достави во Владата на усвојување. Потоа тие треба да одат во собраниска процедура.

“Не се работи само за измени на годините, туку и спроведување на стандардите на НАТО. Регрутација, активна служба, пензионирање и процес на ресоцијализација”, изјави министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими.

Претседателот на Синдикат на одбраната и безбедноста (СОБ), Ристо Ајтов изјави дека ова е добар пример и за другите синдикати како се решаваат проблемите на вработените во институциите и дека Синдикат на одбраната и безбедноста (СОБ) е кредибилен партнер и во континуитет се залагаше за вакво или слично решение и затоа сме задоволни што за само 6 месеци од мандатот на министерот изнајдовме решение кое решава еден од клучните проблеми на професионалните војници.

Во одбраната паралелно течат и подготовките за реализација на концептот “активна резерва”. Проекциите велат дека таа треба да брои околу 1200 лица. Во зависност од психо-физичката подготвеност, но и по извршената обука, лицата ќе може да се ангажираат и во мировни мисии.

Според претставникот на НАТО во Македонија, Јордан Јорданов, новите предлог измени ќе се разгледуваат заедно со советодавен тим и експерти на НАТО а нивна цел е подобрување на животниот стандард на војниците.

Со измените што ќе следат се очекува конечно да биде надминат проблемот за кој со години се залага Синдикат на одбраната и безбедноста (СОБ). За војниците покрај зголемувањето на возраста предвидени се и повеќе програми за полесно враќање во цивилниот живот откако ќе ја завршат војничката кариера.

Share

Информација за брифинг средби, по повод активности во ЦУК, (според заклучоци од Влада на РМ од 50-седница, за вишок вработени во државните институции), со директорот и со заменик директорот на ЦУК

Синдикатот на вработените во ЦУК, постојано, ја следи актуелната ситуација во својата и во пошироката работна средина, како и состојбите и појавите коишто влијаат на правата и на економската стабилност на неговите членови. Притоа, нашиот синдикат,  конструктивно реагира и се обидува да придонесува за остварување на правата, моралните и етички норми за своите членови, државни службеници, во согласност со договорите и можностите.

Во тој контекст, согласно актуелноста на активностите во ЦУК, според заклучоци од Влада на РМ од 50-седница –  конкретно за 100 вишок врботени во ЦУК, одржавме информативни, брифинг, средби со директорот и со заменик директорот на ЦУК.

Средбите беа со насока за конструктивно да влијаеме за зачувување на правата и економската стабилност на наши членови кои по игра на случајот се вброени како вишок за транфер во други институции. Затоа, официјално дадовме генерален список на наши членови, вработени во ЦУК, посочувајќи дека треба да се зачува и човечката димензија во целиот процес. Истовремено, како и при кајот на 2010 година, укажавме дека како една од методологиите за решавање на вишокот вработени е применлив кај нас во поголема мерка и познатиот американски и европски принцип: „Последен дојден – прв си оди“. Конкретно, за поткрепа на таа метологија за решавање вишок во нашата работна средина, дадовме и пример-список со нововработени (вкупно 70, а од тогаш до сега немаме податок, а има уште нововработени), направен уште при крајот на 2010 година, кога ние предвидувавме дека ќе се дојде до вакви можни ситуации и аналогно на тоа и се подготвувавме за слични ситуации. Посочивме дека, нашето залагање што било и ќе биде, има конструктивна димензија за изнаоѓање решенија поволни за наши членови кои се погодени негативно од овие активности за посочување вишок 100 вработени во ЦУК.

Скопје, 26.03.2012

Синдикат на вработените во ЦУК
Претседател
Илија Бојаровски

Share

Пригодно одбележување во ЦУК на интернационалниот Ден на жената

Синдикатот на вработените во ЦУК, на членовите на синдикатот и на сите други вработени колешки во ЦУК и во пошироката работна средина, им го честита 8-ми Март – интернационалниот Ден на жената.

Истовремено, Ве информираме дека Синдикатот на вработените во ЦУК, традиционално и оваа година, пригодно го одбележа интернационалниот Празник на жената, со средба од отворен тип и во присуство на повеќе и други колеги и колешки во зградата на ЦУК во Скопје. Притоа, на колешките, членки на Синдикатот, им беа врачени пригодни подароци, а потоа отворената средба финализираше со скромен коктел.

Синдикат на вработените во ЦУК
Претседател
Илија Бојаровски

Share

ПРОГРАМА на активности на СОБ за 2012 година

Програмата е поврзана со традицијата на делувањеето на СОБ, одредена динамика на планирани активности како и од расположивите финансиски средстава на располагање во СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Потпишување на нов колективен договор
1.1. Превземање на мерки од наша страна до Министерсатвото за одбрана за што поскоро потпишување на нов колективен договор, со кој согласно закон ќе се уредат односно доуредат правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

2. Донесување на измени во Законот за служба во АРМ
2.1. Следење на спроведувањето на Законот за служба во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
2.2. Изнаоѓање на решение за професионалните војници, за прием, унапредување во подофицерски чин и статусот по истекување на договорот, разгледување на можните подобри решенија за професионалните војници и следење на законските обрски во активната резерва и привилегиите за вработување;
2.3. Спроведување на законските решенија за ЦЛ во Законот за служба, Законот за државни службеници и во донесувањето на подзаконските акти;
2.4. Поставување на непоставените старешини и старешините со упатување и решение за воените лица кои имаат 25 години стаж, а се ранети во б/д или повредени во текот на службата;
2.5. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
2.6. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК.

3. Зголемување на стандардот на вработените
3.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на решение за зголемување на платите сразмерно со порастот на трошоците за живот;
3.2. Рехабилитација на повредените и ранетите од б/д во бањи, одморалишта или скијачки центри;
3.3. Подобрени интендантски решенија за воената униформа (можност за полесна замена и купување на униформа и опрема) формирање на воени продавници;
3.4. Превземање на мерки од наша страна до Министерството за одбрана за отварање на кантини по гарнизони со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана за вработените во тие гарнизони;
3.5. Превземање на мерки од за донесување на нови стандарди за исхрана во КТБ и промена на застарените листи на јадења и донесување на нови рецептури кои ќе бидат со стандардите на НАТО и нашата традиционална кујна;
3.6. Подобрување на условите за живот и работа во касарните.

4. Станбена проблематика
4.1. Овозможување на откуп на службените станови на сегашните корисници на службени станови;
4.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во Законот за служба;
4.3. Следење на програмата АРМ мој вистински дом за трајно решение на станбеното прашање на вработените со изградба на нови станови. Претставниците од СОБ кои се одредени во станбената комисија да делуваат во правец на побрзо започнување на градба на становите.

5. Синдикални спортски игри
5.1. Одржување на финални спортски игри;
5.2. Зголемување на бројот на учесници на игрите, поголема масовност.

6. Информирање на членовите на СОБ
6.1. По региони:
– информирање со сите членови во Регионот еднаш годишно;
– информирање на синдикалниот одбор од регионите на СОБ;
6.2. Со издавање на информатор, со соопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
6.3. Електронска пошта: преку веб страна и преку е-маил.
6.4. Прес конференци по потреба.

7. Туристички прошетки и шопинг
7.1. Можност за организирање на туристички посети и шопинг во Република Македонија и странство.

8. Унапредување на синдикалното движење
8.1. Активно учество во ЕУРОМИЛ и информирање за активностите. Доставување на покана за земја домаќин на состанок на ЕУРОМИЛ;
8.2. Соработка со сродни синдикати од Европа и Балканот, меѓусебни посети и размена на искуства;
8.3. Активно учество и придонес во ССМ;
8.4. Соработка со синдикатот на МВР.

9. Закон за учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ
9.1. Изработка и учество во донесување на закон за Учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ заедно со синдикатот на МВР.

10. Одбележување на свечености и празници
10.1. Осмомартовски подароци;
10.2. Новогодишни пакетчиња;
10.3. Изработка на рекламен материјал за членовите на СОБ;
10.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.

Share