Средба со Министерот за одбрана

На ден 25.12.2008 година имавме средба со Министерот за одбрана на која присуствуваа: Претседателот на СОБ, Ген/секретар, Извршниот одбор и Претседатели на Регионални основни организации.
Извршниот одбор ги изнесе проблемите околу нивната проблематика, а претставникот од извршниот одбор одговорен за професионални војници Ацо Спасовски му постави прашање на Министерот за одбрана какви размислувања има за проблемите околу статусот на пфв. Министерот одговори дека предложеното во законот за служба пензионирање 15 со 45 е неизводливо и нема да им се дава лажна надеж на пфв туку ќе се гледа да се изнајдат некои други решенија но исто така треба да знаеме дека тие кога ги потпишувале договорите знаеле до кога ќе бидат во АРМ. Во продолжение прашања поставуваа претседателите на РОО за проблемите по гарнизоните од кај што доаѓат. Средбата помина во многу добра атмосфера со ветување од страна на Министерот за одбрана дека вакви средби ќе има почесто.

Share

Расправа околу нацрт Законот за служба

Од 07.04.2008 година почнавме расправа околу нацрт Законот за служба кој ни беше доставен од страна на ГШ на АРМ и кој во текот на истиот месец беше обработен и со одредени забелешки вратен во ГШ на АРМ.

Share

Состанок на Извршен одбор

На ден 14.03.2008 година, на иницијатива на РОО-Куманово, одржан е состанок на Извршен одбор за избор на двајца професионални војници за членови на совет, третиот да биде ротирачки, предложени и избрани беа следните пфв: Здравков Трајче од РОО-Штип, Јовановски Зоран од РОО-Тетово и Ангеловски Зоран од РОО-Петровец.

Share

Состанок со државниот секретар во Министерството за одбрана

На ден 28.11.2007 година се одржа состанок помеѓу државниот секретар во МО госпоѓата Лилјана Штеријоска, СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) и претставници на работните групи формирани за усогласуање на ставовите помеѓу МО и СОБ.
На состанокот беше истакнато дека работните групи ги имат завршено преговорите и потпишани се записници за истите. Договорено е СОБ да достави предлог за полноправно членство во работата на комисијата за измени и дополнувања на законот за служба во АРМ формирана од страна на тогашниот министер за одбрана г-дин Лазар Еленовски со двајца свои претставници.
Од ова средба има записник кој е потпишан од страна на МО и СОБ.

Share

Ангажирање на професионалните војници до навршување на 38 години!

На ден 06.11.2007 година како производ на сите овие преговарања и договарања излезе дополнување на Законот за служба во АРМ во членот 259 се додаде нов член 259-а кој гласи: „пфв кои пред денот на влегување во сила на овој закон имат склучено договор за работа со МО продолжуват со службата до истекот на договорот со можност за негово продолжување до навршување на 38 години”.

Share

Министерот за одбрана г-дин Лазар Еленовски не го почитува договорот. Синдикатот на протести

На ден 06.04.2007 година остварена е средба со министерот за одбрана на која присуствуваа: Председателот на СОБ, Ген.секретар, Извршниот одбор и еден преставник од редовите на професионални војници, а се разговараше за:

  • Решавање на статусот на пфв во АРМ;
  • Решавање на статусот на цивилни лица;
  • Решавање на статусот на државни службеници;
  • Проблеми околу технолошкиот вишок во МО на АРМ, односно да не се дозволи ниеден вработен да го загуби своето работно место.

На овој состанок се договоривме да се формират работни групи кои ќе преговарат за отворените прашања и ќе се вклучат во измените и дополнувањата на Законот за служба во АРМ, трите комисии кои ќе се формират во нив ќе бидат вклучени представници од МО, ГШ и СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста), а тоа ќе бидат следните комисии:

  • Комисија за професионални војници и цивилни лица;
  • Комисија за плати и стамбена проблематика;
  • Комисија за преструктуирање и редукција на персонал.

После ова средба се што беше договорено не се почитуваше од страна на министерот за одбрана г-дин Лазар Еленовски, затоа СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) беше приморан да организира ПРОТЕСТИ КОИ СЕ ОДРЖАА НА ДЕН 09.06.2007 ГОДИНА ПРЕД МО И КОИ БЕА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ И СО ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ.

После овие протести формираните комисии почнаа да остваруваат средби и да преговараат за проблемите кои веќе беа познати од двете остварени средби кај министерот за одбрана г-дин Лазар Еленовски.
Комисиите се состанаа на крајот на шести месец и почеток на седми месец, а завршни состаноци се одржаа во девети и во десети месец каде што беа потпишани записниците од страна на комисиите.

Share

Протестот ставен во мирување

Борбата за решавање на статусот на пфв започна уште пред 17.03.2007 година кога беа закажани протести, но затоа што бевме примени од страна на министерот за одбрана г-дин Лазар Еленовски на ден 16.03.2007 година и каде ни беше ветено дека ќе се започне со решавање на проблемите на пфв и цивилни лица протестот го ставивме во мирување.

Share