Известување

Се известуват членовите на Синдикатот на одбраната и безбедноста дека на ден 30.08.2017 година се одржа состанок со претседателите на Регионалните основни организации во врска со организирање и одржување на XV-ти по ред традиционални Синдикални спортски натпревари кои ќе се одржат од 02.10.2017 – 05.10.2017 година во Охрид.

Синдикалните спортски натпревари ќе бидат во организација на Комисијата за спорт и натпреварувачкиот одбор при Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Учество на Синдикалните спортски натпревари ќе земат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија (ЦУК и ДЗС) членови на Синдикатот на одбраната и безбедноста рамномерно застапени според бројот на членови од сите Регионални основни организации.

Министерството за одбрана согласно Колективниот договор на Министерството за одбрана (потпишан од страна на Министерството за одбрана и Синдикатот на одбраната и безбедноста на ден 31.07.2013 година) ќе учествува во дел на финансирањето на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, додека останатите трошоци во врска со организацијата и одржувањето на Синдикалните спортски натпревари ќе бидат на товар на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Како покровител на XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари, министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска со пригоден говор ќе ги отвори и затвори XV-тите по ред традиционални Синдикални спортски натпревари.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

25 години АРМ

Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) на своите членови и на сите припадници на Армијата на Република Македонија им го честита 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.

На Вас и на Вашите семејства Ви посакуваме среќа и успех како на личен така и на професионален план.

Синдикатот на одбраната и безбедноста во наредниот период ќе се фокусира и ќе вложи максимални напори преку социјален дијалог со надлежните лица во Министерството за одбрана да изнајде решенија за напластените проблеми со кои секојдневно се среќаваат припадниците на Армијата на Република Македонија.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), Ве известуваме  дека на ден 08.06.2017 година, раководството на СОБ како единствен репрезентативен синдикат во рамките на МО и АРМ и воедно потписник на Колективниот договор на Министерството за Одбрана оствари средба со Министерот за Одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска.
На средбата ги изнесовме проблемите и опструкциите со кои се соочуваше СОБ во периодот кога со Министерството за Одбрана  раководеше бившиот министер. Исто така Министерот за Одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска ја запознавме со напластените проблеми со кој се соочуваат вработените во МО и АРМ, а посебен акцент ставивме на подобрување на стандардот на вработените во МО и АРМ како и подобрување на условите за живот и работа.
Очекуваме дека во скоро време ќе биде реализиран проектот за зголемување на стандардот на вработените во МО и АРМ со кој професијата „припадник на безбедносните сили“ ќе се издигне на повисоко ниво.
Од страна на Министерот за Одбрана беше истакнато дека во СОБ гледа вистински социјален партнер со кој низ дијалог ќе се решаваат проблемите со кои се соочуваат вработените во МО и АРМ.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

Честитка по повод Рамазанските пости

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста на своите членови и на нивните семејства верници од исламска вероисповед им го честита започнувањето на Рамазанските пости. Им посакува лесен пост, добро здравје, среќа и многу радост, да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусобно разбирање. Рамазан е месец посветен на молитвата и поклонението, великодушноста и помагањето, сочуство и милоста кон помалку среќните.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share

Известување

sob_logo_bmp2Се известуваат членовите на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), дека претседателот на СОБ г-дин Ристо Ајтов на ден 14.10.2016 година со почеток во 20:00 часот, ќе биде гостин во емисија на ТВ „Сонце“. Во емисијата ќе се дискутира за актуелните состојби во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста

Share