Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Извршниот одбор на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), во рамките на своите тековни активности, на ден 13.04.2018 година одржа работна средба со Министерот за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска.

На средбата се разговараше за следните прашања кои ги засегат припадниците на МО и АРМ:

  1. Решавање на статусот на професионалните војници по достигнување на старосната граница од 45 години возраст – подобрување и имплементација на законските решенија,
  2. Закупнина за припадниците на АРМ – измена и подобрување на законските и подзаконските акти што го решаваат ова прашање,
  3. Дополна на правилникот за дополнителни бодови за посебните специјалности од особено значење за АРМ – имплементација на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ, донесена од Владата на Република Македонија.

На почетокот од средбата од страна на министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, беше истакнато дека на оваа средба ќе разговараме за горенаведените точките, кои се приоритетни во овој момент, а во иднина периодично на секои 2-3 месеца ќе имаме работни средби на кои ќе разговараме за решавање на останатите проблеми со кои се среќаваат вработените во МО и АРМ. Претседателот на СОБ ја поздрави министерката во името на членовите на СОБ, и се заблагодари за средбата, и го искажа ставот на СОБ по однос на првото прашање, при што особено беше истакнато дека во Законот за служба во членот 40-а е регулирано дека „Професионалните војници со навршување на 45 години возраст засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, а согласно со нивната стручна подготовка и лични способности.

Активностите за преземање на професионалните војници од ставот 1 на овој член Министерството за одбрана е должно да ги преземе најдоцна шест месеци пред навршување на 45 години возраст на професионалните војници, согласно со планот за превземање и распоредување.

Планот од ставот 2 на овој член министерот за одбрана е должен да го донесе најдоцна до 31 декември во тековната за наредната година.

Од страна на членовите на Извршниот одбор беше истакнато дека ПФВ после 45 години возраст, кога им завршува договорот како што е наведено во членот 40-а треба да се преземат од органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон. Знаеме дека во изминатиот период не се почитуваше во целост овој член од законот и еден број на ПФВ останаа нераспоредени подолг временски период, затоа ние како СОБ, бараме доследно почитување на членот 40-а и после 45 година ПФВ веднаш да почнат со работа. Нашето барање е ПФВ да бидат распоредени во МО и АРМ на работни места на кои старосната граница нема да влијае на квалитетното извршување на работните задачи (логистика, врски, технички служби и сл.), во сродни институции (МВР, затворските институции, судска полиција и сл.) како и да бидат приоритетни при вработувањето во сите други институции во Р. Македонија кои имаат непополнети работни места согласно школската спрема на ПФВ.

Министерката истакна дека има поднесено информација до владата на Р. Македонија, при што одреден број на ПФВ кои не се распоредени да се распоредат во судска полиција и истотака во соработка со министерството за информатичко општество се договориле да се прати состојбата за слободни работни места во институциите во кои може да се распоредуват ПФВ на кои им завршува договорот со 45 години возраст, како и внатрешно распоредување во министерството за одбрана.

По однос на точката за закупнина, од страна на СОБ беше истакнато дека треба да се изнајде решеније со кое нема да има дискриминација и нееднаквост помеѓу вработените т.е. ставот на СОБ е да на сите лица на кои не им е решено стамбеното прашање преку МО, да ги следува закупнина, без обзир дали поседуваат недвижност на ниво на територија на Р. Македонија. Потребно е да се пристапи кон целосно ново законско решение, со кое што ќе им се обезбеди на вработените додаток на плата во вид на закупнина, притоа имајки ја во предвид специфичноста на нашата професија, борбената готовност како и мотивацијата на вработените во МО и АРМ.

Министерката го поздрави нашиот приод кон решавање на ова прашање и истакна дека очекува од страна на СОБ во најкраток можен временски период да и доставиме конкретно и подетално, начин и критериуми по кои вработените би ги следувало закупнина за стан, притоа да се усогласиме со другите предлози и да пристапиме кон измени во Законот за служба во АРМ.

Притоа беше истакнато дека од страна на СОБ е потребно да се предложат лица за:

  • Преставник од СОБ во комисија за набавка на униформа и обувки, лицето од СОБ ќе ја следи постапката и транспарентноста на набавката,
  • Преставник од СОБ кој ќе учествува во комисија која ќе врши распоредување на ПФВ во МО и АРМ и во други држави органи,
  • Претставници во комисија за измени на Законот за служба во АРМ.

Во врска со третата точка од страна на СОБ беше искажан ставот, дека не се почитува уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија, донесена од страна на владата на Р. Македонија и тоа во членот 2 став 1. Работни места и должности во Генералштабот на Армијата, Здружено оперативна команда, Командата за обука и доктрини како и гардиската единица. Членовите на Извршниот одбор објаснија дека се работи за лица кои добиле прекоманда од пониски команди и едници во ГШ, ЗОК и Команда за обука и доктрини како искусни и старешини со долгогодишно искуство но на истите им се намалува платата т.е. им се укинува трупниот надоместок, а одат на повисоки должности. Ставот на СОБ е дека е потребно на сите вработени кои извршуваат должности во рамките на уредбата, да им бидат доделени дополнителни бодови на плата.

Министерката во врска со оваа точка одговори дека има многу недоследности во правилникот и дека во минатото правилници се донесувале за се и сешто и дека ќе се донесе нова Уредба и нов Правилник, кој ќе ја отсликува вистинската состојба на единиците на АРМ, кој ќе биде реален, согласно посебностите односно специјалностите од особено значење за АРМ.

Во изработката на правилникот ќе биде вклучен и Синдикатот на Одбраната и безбедноста со свои преставници.

Почитувани членови на СОБ, Ве замолуваме сите Вие кои имате предлози за конкретни и квалитетни решенија по гореспоменатите точки, да ги доставите до Претседателите на Вашата РОО или директно во канцеларијата на СОБ. Сметаме дека со заеднички сили можеме да постигнеме да се уредат поквалитетни решенија од постоечките со кои ќе се подобри стандардот и условите за работа на вработените во МО и АРМ.

 

 

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

                                                                                                                                   

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.