Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста дека раководството на СОБ во месец Март оддржа два работни состанока со членовите на РОО ТРЦ и РОО Илинден – СО Гардиска единица.

На состанокот во РОО Илинден – Синдикална организација Гарда, се разговараше за (не)почитувањето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија која е донесена од страна на владата на Р.Македонија.

Имено, со гореспоменатата уредба се опфатени кои единици од АРМ се квалификувани како посебни специјалности од особено значење за АРМ. Сепак и покрај тоа, во правилникот за дополнителни бодови сеуште има единици од АРМ кои не се опфатени а се составен дел од таа уредба. Припадниците на Гардиската единица неоправдано се изоставени од гореспоменатиот правилник, па поради тоа СОБ веќе отпочна со активност во насока да сите припадници на единиците на АРМ кои се опфатени со уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ, бидат вградени во правилникот за дополнителни бодови и добијат зголемени бодови на својата плата.

Во РОО – ТРЦ се одржа состанок со членовите на СОБ во ТРЦ. На почетокот на состанкот беше укажано на главните активности на СОБ во изминатиот период, односно исплатата на јубилејната награда во висина на една нето просечна плата, покачувањето на платата на припадниците на АРМ и сл.

На состанокот беа изнесени проблеми од страна на професионалните војници, т.е решавањето на нивниот статус после 45 години возраст. Иако согласно законот за служба во АРМ: „Професионалните војници со навршување на 45 години возраст засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, а согласно со нивната стручна подготовка и лични способности.”, сепак во реалноста доследно не се почитува законското решение. Со оглед дека за краток временски период, одреден број на ПФВ ќе наполни 45 години возраст, СОБ започна со превземање на активности за трајно решавење на овој проблем.      Во таа насока СОБ веќе оддржа состанок со членови на владата на Р. Македонија, на кој состанок се отпочнаа преговори за бројот и начинот на префрлање на ПФВ во сродните и други државни институции.

 Во делот околу пензионирањето на припадниците на МО и АРМ, беше укажано дека СОБ веќе ги привршува предлог измените на законот за служба во АРМ, при што ставот на СОБ е дека припадниците на МО и АРМ треба да заминуваат во старосна пензија со навршени 40 години пензиски стаж, при што при пресметката како основа да се земаат најдобрите 10 години од работниот век.

 

 Со почит,  Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.