Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста, дека Владата на Р. Македонија на ден 22.01.2019 година донела „ Уредба за престанување на важењето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“, со која од 05.02.2019 година се Укинува „Уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“ донесена на ден 27.08.2012 година. Тоа значи дека на припадниците на одредени единици од АРМ им се укинува законското право на дополнителни бодови, иако според Законот за Служба на Армијата на Република Македонија, член 153, тоа ги следува. Затоа СОБ изврши консултации со нашите правни застапници, и за понатамошните активности кои што ќе ги преземе раководството на СОБ ќе бидете известени преку претседателите на Регионалните синдикални организации и преку социјалните мрежи т.е преку нашата ФБ страница.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

        Синдикатот на Одбраната и Безбедноста ги известува своите членови дека на ден 21.01.2019 година со почеток во 16:00 часот во кабинетот на министерот за одбрана се одржа информативен состанок на кој министерката информираше дека чизмите за припадниците на Армијата ќе бидат поделени во наредниот период, а по доставувањето на воено-теренската униформа, на припадниците на Армијата ќе им бидат поделени по два комплета од средината на месец Април 2019 година. Во врска со измените и дополните на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија, беше истакнато дека предложените измени ќе бидат доставени на разгледување до СОБ на почетокот на месец Април. Од страна на СОБ беше изнесен ставот, односно заложбата ЗА изедначување на правата на вработените во МО и АРМ со останатите безбедносни структури во Р.Македонија, посебно во делот на пензионирање: „ Припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија да остваруваат право на старосна пензија со 40 години пензиски стаж или навршени 55 години старост, во висина од најмалку 80 % од просечната нето плата што осигуреникот ја остварил во текот на најповолните 10 години од пензискиот стаж.“ Во врска со завршување на договорот со наполнети 45 години возраст на професионалните војници, за првите ПФВ на кои договорот им завршува во Март 2019 година, како што не информира министерката се водат преговори со „Дирекцијата за Заштита и Спасување“ (ДЗС) и Шумската полиција. Другите ПФВ кои нема да бидат распоредени во државните институции ќе бидат распоредени како цивилен персонал на служба во Армијата без објавување на јавен оглас. За да се реализира ова ќе се донесе дополна на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија кој би гласел:

Член 1

Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во членот 38 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) По исклучок од ставот 1 од овој член, за цивилен персонал на служба во Армијата без објавување на јавен оглас, може да се прими професионале војник на кого службата во Армијата му престанала поради навршување на 45 години возраст, доколку ги исполнува посебните услови утврдени во актот за формацијата на Армијата.“ Ставот 3) станува став 4).

Член 2

По членот 40-б се додава нов член 40-в, кој гласи „40-в

(1) Лица кои имаат посебни специјалности од особено значење за Армијата, а се преземени од страна на друг орган на државната власт, јавно претпријатие, установа или служба, може да засноваат работен однос на неопределено време со Министерството за одбрана без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање.
(2) Лицата од став 1 од овој член се распоредуват на формациските места согласно актите за формацијата на Армијата, во чин и звање со кои се стекнале пред преземањето, а согласно стекнатата посебната специјалност.
        За примањата на цивилните лица вработени во МО и АРМ, од страна на СОБ беше укажано дека тие во изминатиот период иако обавуваа должности и како воени лица, имаа примања кои не се достојни за професијата и институцијата во која работат. Од страна на министерката добивме уверување дека со новите дополни и измени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија таа неправда ќе биде исправена и цивилните лица во МО и АРМ ќе имаат достоинствени примања.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share

СРЕДБА ПОМЕЃУ СОЈУЗ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА И ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Сојузот на синдикатите на Македонија денес, 22.11.2018 година одржа средба во Владата на Република Македонија на која присуствуваа претставници на Претседателството на ССМ предводени од Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претставници на Владата на Република Македонија предводени од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

На средбата се дискутираше за прашањата поврзани со унапредување на правата на работниците во Република Македонија, за драфт верзијата на новиот Закон за работните односи и вклученоста на синдикатите при подготовка на истиот, за функционирањето на трипартитниот социјален дијалог, за зголемување на платите во Република Македонија вклучително и минималната плата, за колективното преговарање и склучувањето на колективни договори за јавниот и приватниот сектор, за најавената реформа во јавната администрација како и за останати прашања кои се значајни за унапредување на положбата на работниците во Република Македонија.

 

Претседателот на ССМ и претседателите на синдикатите од јавен сектор ја истакнаа потребата од склучување на нов Општ колективен договор за јавниот сектор за што од Владата беше искажана подготвеност да отпочне процесот за преговори.

На средбата од страна на претседателот на Синдикатот на Одбраната и безбедноста (СОБ), Ристо Ајтов беше истакнато дека е потребно веднаш да се отпочне со консултација со синдикатите од јавниот сектор во врска со претстојната реформа на јавната администрација.

Ставот на СОБ е дека на сите вработени во МО, АРМ, ЦУК и ДЗС во текот на реформата на јавната администрација им се загарантирани работните места во државните институции согласно нивните сегашни работни позиции.

Второто залагање на СОБ е дека треба веднаш да се пристапи кон социјален дијалог со владата на Република Македонија и да се потпише општиот Колективен договор за Јавниот сектор, во кој ќе бидат предвидени повисоки плати и задолжителен регрес за годишен одмор.


Претставнците на ССМ и Владата на Република Македонија изразија задоволство од конструктивноста на денешната работна средба и заеднички констатираа дека има потреба од редовно одржување на меѓусебни средби на ова ниво со оглед на тоа што вакви директни средби помеѓу ССМ и Владата на Република Македонија не биле одржани повеќе од 12 години.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share

СИНДИКАЛНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ – 2018 година

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 19.10.2018 до 22.10.2018 година во хотел „Мизо“ во Охрид ги организираше и одржа ХVI-ти по ред Синдикални спортски натпревари.
На игрите зедоа учество околу 200 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основ на бројот на членовите.
За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана на Република Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска како покровител на синдикалните спортски натпревари даде огромна помош и подршка во организацијата на игрите, истотака благодарност за помошта и подршката за организација на игрите  и до Началникот на Генералштабот генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски.

На отварање на Синдикалните спортски натпревари се обрати директорот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајорот Зоран Милески, поздравувајќи ги присутните натпреварувачи и гостите од Воениот синдикат од Р.Србија,Воен и ветерански совет „Боево братство“ од Русија и Синдикат на министерството за одбрана на Р.Словенија. Генерал-мајорот Милески Зоран истакна дека  генералштабот даде подршка за организирање и спроведување на игрите во рамките на своите можности и дека генералштабот секогаш ќе ги подржува манифестациите од оваков карактер каде со игрите покрај дружењето се допринесува и до поголема физичка подготвеност на припадниците на МО и АРМ, потоа игрите ги прогласи за отворени.

Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, баскет, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

ПОБЕДНИЦИ ПО ДИСЦИПЛИНИ СЕ:

МАЛ ФУДБАЛ
I-во место (м), РОО-Тетово
II-ро место (м), РОО-Куманово
III-то место (м), РОО-Илинден

БАСКЕТ МАЖИ
I-во место (м), РОО-Велес
II-то место (м), РОО-Илинден

БАСКЕТ ЖЕНИ
I-то место (ж), РОО-Илинден
II-ро место (ж), РОО-Куманово

ШАХ МАЖИ
I-во место (м), РОО-Велес
II-ро место (м), РОО-ТРЦ
III-то место (м), РОО-Кичево

ШАХ ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-МО ГШ
II-ро место (ж), РОО-Илинден
III-то место (ж), РОО-Чојлија

ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ МАЖИ
I-во место (м), РОО- ВП 8043
II-ро место (м), РОО-Штип
III-то место (м), РОО-Куманово

ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-Куманово
II-ро место (ж), РОО-Илинден

ПИКАДО МАЖИ
I-во место (м), РОО-Кичево
II-ро место (м), РОО-Велес
III-то место (м), РОО-Илинден

ПИКАДО ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-Штип
II-ро место (ж), РОО-Куманово
III-то место (ж), РОО- МО ГШ

ОДБОЈКА МАЖИ
I-во место (м), РОО-Петровец
II-ро место (м), РОО-Тетово
III-то место (м), РОО-Илинден

ОДБОЈКА ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-Илинден
II-ро место (ж), РОО-Кичево

ПИНГ-ПОНГ МАЖИ
I-во место (м), РОО-Петровец
II-ро место (м), РОО-Куманово
III-то место (м), РОО-Илинден

ПИНГ-ПОНГ ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-Куманово
II-ро место (ж), РОО-Илинден
III-то место (ж), РОО- Чојлија

СТРЕЛАШТВО МАЖИ
I-во место (м), РОО-Тетово
II-ро место (м), РОО-ЦУК
III-то место (м), РОО- ВП -8043

СТРЕЛАШТВО ЖЕНИ
I-во место (ж), РОО-МО ГШ
II-ро место (ж), РОО-ЦУК
III-то место (ж), РОО- Илинден

-Најдобри резултати во дисциплината Пикадо во машка конкуренција постигна Климентин Мицески од РОО-Кичево, а во женска конкуренција Емилија Манчиќ од РОО-Куманово .

-Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Ванчо Петковски од РОО-ЦУК, а во женска конкуренција Сузана Тасевска од РОО-ЦУК.
Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите присуствуваа преставници на Воениот синдикат од Р.Србија,Воен и ветерански совет „Боево братство“ од Русија и Синдикат на министерството за одбрана на Р.Словенија со кои беа одржани неколку работни средби на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите .

После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, на учесниците на синдикалните спортски натпревари се обрати претседателот на СОБ г-дин Ристо Ајтов кој истакна дека игрите поминаа во фер и спортска атмосфера, на победниците им упати честитки, а на поразените да се подготвуваат за наредните игри по што игрите ги прогласи за затворени и на сите им посака следната година да постигнат подобри резултати.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

Share

Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Добар ден,

Ве известуваме дека нашата официјална е-маил адреса повторно е во функција и достапна за комуникација и дека имаме ново лице за контакт во нашата канцеларија, Анета Панчева 078/453-667.

 

Ви благодариме.

Share

Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Извршниот одбор на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), во рамките на своите тековни активности, на ден 13.04.2018 година одржа работна средба со Министерот за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска.

На средбата се разговараше за следните прашања кои ги засегат припадниците на МО и АРМ:

  1. Решавање на статусот на професионалните војници по достигнување на старосната граница од 45 години возраст – подобрување и имплементација на законските решенија,
  2. Закупнина за припадниците на АРМ – измена и подобрување на законските и подзаконските акти што го решаваат ова прашање,
  3. Дополна на правилникот за дополнителни бодови за посебните специјалности од особено значење за АРМ – имплементација на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ, донесена од Владата на Република Македонија.

На почетокот од средбата од страна на министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, беше истакнато дека на оваа средба ќе разговараме за горенаведените точките, кои се приоритетни во овој момент, а во иднина периодично на секои 2-3 месеца ќе имаме работни средби на кои ќе разговараме за решавање на останатите проблеми со кои се среќаваат вработените во МО и АРМ. Претседателот на СОБ ја поздрави министерката во името на членовите на СОБ, и се заблагодари за средбата, и го искажа ставот на СОБ по однос на првото прашање, при што особено беше истакнато дека во Законот за служба во членот 40-а е регулирано дека „Професионалните војници со навршување на 45 години возраст засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, а согласно со нивната стручна подготовка и лични способности.

Активностите за преземање на професионалните војници од ставот 1 на овој член Министерството за одбрана е должно да ги преземе најдоцна шест месеци пред навршување на 45 години возраст на професионалните војници, согласно со планот за превземање и распоредување.

Планот од ставот 2 на овој член министерот за одбрана е должен да го донесе најдоцна до 31 декември во тековната за наредната година.

Од страна на членовите на Извршниот одбор беше истакнато дека ПФВ после 45 години возраст, кога им завршува договорот како што е наведено во членот 40-а треба да се преземат од органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон. Знаеме дека во изминатиот период не се почитуваше во целост овој член од законот и еден број на ПФВ останаа нераспоредени подолг временски период, затоа ние како СОБ, бараме доследно почитување на членот 40-а и после 45 година ПФВ веднаш да почнат со работа. Нашето барање е ПФВ да бидат распоредени во МО и АРМ на работни места на кои старосната граница нема да влијае на квалитетното извршување на работните задачи (логистика, врски, технички служби и сл.), во сродни институции (МВР, затворските институции, судска полиција и сл.) како и да бидат приоритетни при вработувањето во сите други институции во Р. Македонија кои имаат непополнети работни места согласно школската спрема на ПФВ.

Министерката истакна дека има поднесено информација до владата на Р. Македонија, при што одреден број на ПФВ кои не се распоредени да се распоредат во судска полиција и истотака во соработка со министерството за информатичко општество се договориле да се прати состојбата за слободни работни места во институциите во кои може да се распоредуват ПФВ на кои им завршува договорот со 45 години возраст, како и внатрешно распоредување во министерството за одбрана.

По однос на точката за закупнина, од страна на СОБ беше истакнато дека треба да се изнајде решеније со кое нема да има дискриминација и нееднаквост помеѓу вработените т.е. ставот на СОБ е да на сите лица на кои не им е решено стамбеното прашање преку МО, да ги следува закупнина, без обзир дали поседуваат недвижност на ниво на територија на Р. Македонија. Потребно е да се пристапи кон целосно ново законско решение, со кое што ќе им се обезбеди на вработените додаток на плата во вид на закупнина, притоа имајки ја во предвид специфичноста на нашата професија, борбената готовност како и мотивацијата на вработените во МО и АРМ.

Министерката го поздрави нашиот приод кон решавање на ова прашање и истакна дека очекува од страна на СОБ во најкраток можен временски период да и доставиме конкретно и подетално, начин и критериуми по кои вработените би ги следувало закупнина за стан, притоа да се усогласиме со другите предлози и да пристапиме кон измени во Законот за служба во АРМ.

Притоа беше истакнато дека од страна на СОБ е потребно да се предложат лица за:

  • Преставник од СОБ во комисија за набавка на униформа и обувки, лицето од СОБ ќе ја следи постапката и транспарентноста на набавката,
  • Преставник од СОБ кој ќе учествува во комисија која ќе врши распоредување на ПФВ во МО и АРМ и во други држави органи,
  • Претставници во комисија за измени на Законот за служба во АРМ.

Во врска со третата точка од страна на СОБ беше искажан ставот, дека не се почитува уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија, донесена од страна на владата на Р. Македонија и тоа во членот 2 став 1. Работни места и должности во Генералштабот на Армијата, Здружено оперативна команда, Командата за обука и доктрини како и гардиската единица. Членовите на Извршниот одбор објаснија дека се работи за лица кои добиле прекоманда од пониски команди и едници во ГШ, ЗОК и Команда за обука и доктрини како искусни и старешини со долгогодишно искуство но на истите им се намалува платата т.е. им се укинува трупниот надоместок, а одат на повисоки должности. Ставот на СОБ е дека е потребно на сите вработени кои извршуваат должности во рамките на уредбата, да им бидат доделени дополнителни бодови на плата.

Министерката во врска со оваа точка одговори дека има многу недоследности во правилникот и дека во минатото правилници се донесувале за се и сешто и дека ќе се донесе нова Уредба и нов Правилник, кој ќе ја отсликува вистинската состојба на единиците на АРМ, кој ќе биде реален, согласно посебностите односно специјалностите од особено значење за АРМ.

Во изработката на правилникот ќе биде вклучен и Синдикатот на Одбраната и безбедноста со свои преставници.

Почитувани членови на СОБ, Ве замолуваме сите Вие кои имате предлози за конкретни и квалитетни решенија по гореспоменатите точки, да ги доставите до Претседателите на Вашата РОО или директно во канцеларијата на СОБ. Сметаме дека со заеднички сили можеме да постигнеме да се уредат поквалитетни решенија од постоечките со кои ќе се подобри стандардот и условите за работа на вработените во МО и АРМ.

 

 

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

                                                                                                                                   

Share

Известување

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста дека раководството на СОБ во месец Март оддржа два работни состанока со членовите на РОО ТРЦ и РОО Илинден – СО Гардиска единица.

На состанокот во РОО Илинден – Синдикална организација Гарда, се разговараше за (не)почитувањето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија која е донесена од страна на владата на Р.Македонија.

Имено, со гореспоменатата уредба се опфатени кои единици од АРМ се квалификувани како посебни специјалности од особено значење за АРМ. Сепак и покрај тоа, во правилникот за дополнителни бодови сеуште има единици од АРМ кои не се опфатени а се составен дел од таа уредба. Припадниците на Гардиската единица неоправдано се изоставени од гореспоменатиот правилник, па поради тоа СОБ веќе отпочна со активност во насока да сите припадници на единиците на АРМ кои се опфатени со уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ, бидат вградени во правилникот за дополнителни бодови и добијат зголемени бодови на својата плата.

Во РОО – ТРЦ се одржа состанок со членовите на СОБ во ТРЦ. На почетокот на состанкот беше укажано на главните активности на СОБ во изминатиот период, односно исплатата на јубилејната награда во висина на една нето просечна плата, покачувањето на платата на припадниците на АРМ и сл.

На состанокот беа изнесени проблеми од страна на професионалните војници, т.е решавањето на нивниот статус после 45 години возраст. Иако согласно законот за служба во АРМ: „Професионалните војници со навршување на 45 години возраст засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, а согласно со нивната стручна подготовка и лични способности.”, сепак во реалноста доследно не се почитува законското решение. Со оглед дека за краток временски период, одреден број на ПФВ ќе наполни 45 години возраст, СОБ започна со превземање на активности за трајно решавење на овој проблем.      Во таа насока СОБ веќе оддржа состанок со членови на владата на Р. Македонија, на кој состанок се отпочнаа преговори за бројот и начинот на префрлање на ПФВ во сродните и други државни институции.

 Во делот околу пензионирањето на припадниците на МО и АРМ, беше укажано дека СОБ веќе ги привршува предлог измените на законот за служба во АРМ, при што ставот на СОБ е дека припадниците на МО и АРМ треба да заминуваат во старосна пензија со навршени 40 години пензиски стаж, при што при пресметката како основа да се земаат најдобрите 10 години од работниот век.

 

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

 

Share