ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

 

Почитувани членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ).

        Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, СОБ пристапи кон изготвување на предлог закон за измена и дополна на Законот за служба во АРМ, со кој би се подобриле правата од работен однос на нашите членови.

        Во прилог на ова обраќање до Вас, почитувани членови на СОБ, го објавуваме текстот на предлог законот за служба во АРМ, како и известувањето до МО со кое што бараме веднаш да се пристапи кон преговори за ново законско решение на Законот за служба во АРМ.

        Воедно Ве молиме, со Ваши предлози активно да земете учество како би ја изготвиле најдобрата законска форма на предлог законот за измена и дополна на Законот за служба во АРМ.

 

 

До Министер за Одбрана
Г-ѓа Радмила Шекеринска-Јанковска

ИЗВЕСТУВАЊЕ

        Почитувана г-ѓа министер,

        Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), во рамките на претстојните измени и дополни на Законот за служба во АРМ, преку своите Регионални Основни Организации, односно преку членовите на нашиот синдикат, активно учествуваше во дискусиите и предлозите за измена и дополна на Законот за служба во АРМ, кои се водеа во сите основни единици на АРМ, низ касарните на територијата на Република Македонија.

        Ставовите, предлозите, размислувањата и барањата на членовите на СОБ во врска со измените и дополните на Законот за служба во АРМ, а во насока на подобрување на правата од работен однос, што во краен случај би резултирало со подобрување на економско социјалната положба како и подобри услови за работа на вработените во МО и АРМ, беа вградени во предлозите кои што од страна на единиците на АРМ биле доставени до ГШ на АРМ и Вас.

        Истовремено би сакале да Ви укажеме, дека по однос на претстојната трансформација на работните места на јавните службеници во Министерството за одбрана, доколку дојде до намалување на работните места, ставот на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста е дека евентуалниот вишок на вработени јавни службеници во МО, да се префрли во рамките на цивилните места во АРМ, при што истите да бидат пензионирани согласно условите од горенаведените предлог измени и дополни на Законот за служба во АРМ.

        Во прилог на ова известување, а согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството за одбрана, Ви го доставуваме нашиот предлог Закон за служба во АРМ и бараме веднаш да се пристапи кон отпочнување на социјален дијалог и формирање на работно тело, во рамките на кое ќе се усогласат предвидените решенија во гореспоменатиот закон и како финална верзија во соодветна постапка истиот ќе биде предложен на усвојување.

 

“Предлог закон за служба во АРМ”

Со почит,

Синдикат на Одбраната и Безбедноста
Претседател
Ристо Ајтов

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.