ИЗВЕСТУВАЊЕ

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

        Синдикатот на Одбраната и Безбедноста ги известува своите членови дека на ден 21.01.2019 година со почеток во 16:00 часот во кабинетот на министерот за одбрана се одржа информативен состанок на кој министерката информираше дека чизмите за припадниците на Армијата ќе бидат поделени во наредниот период, а по доставувањето на воено-теренската униформа, на припадниците на Армијата ќе им бидат поделени по два комплета од средината на месец Април 2019 година. Во врска со измените и дополните на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија, беше истакнато дека предложените измени ќе бидат доставени на разгледување до СОБ на почетокот на месец Април. Од страна на СОБ беше изнесен ставот, односно заложбата ЗА изедначување на правата на вработените во МО и АРМ со останатите безбедносни структури во Р.Македонија, посебно во делот на пензионирање: „ Припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија да остваруваат право на старосна пензија со 40 години пензиски стаж или навршени 55 години старост, во висина од најмалку 80 % од просечната нето плата што осигуреникот ја остварил во текот на најповолните 10 години од пензискиот стаж.“ Во врска со завршување на договорот со наполнети 45 години возраст на професионалните војници, за првите ПФВ на кои договорот им завршува во Март 2019 година, како што не информира министерката се водат преговори со „Дирекцијата за Заштита и Спасување“ (ДЗС) и Шумската полиција. Другите ПФВ кои нема да бидат распоредени во државните институции ќе бидат распоредени како цивилен персонал на служба во Армијата без објавување на јавен оглас. За да се реализира ова ќе се донесе дополна на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија кој би гласел:

Член 1

Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во членот 38 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) По исклучок од ставот 1 од овој член, за цивилен персонал на служба во Армијата без објавување на јавен оглас, може да се прими професионале војник на кого службата во Армијата му престанала поради навршување на 45 години возраст, доколку ги исполнува посебните услови утврдени во актот за формацијата на Армијата.“ Ставот 3) станува став 4).

Член 2

По членот 40-б се додава нов член 40-в, кој гласи „40-в

(1) Лица кои имаат посебни специјалности од особено значење за Армијата, а се преземени од страна на друг орган на државната власт, јавно претпријатие, установа или служба, може да засноваат работен однос на неопределено време со Министерството за одбрана без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање.
(2) Лицата од став 1 од овој член се распоредуват на формациските места согласно актите за формацијата на Армијата, во чин и звање со кои се стекнале пред преземањето, а согласно стекнатата посебната специјалност.
        За примањата на цивилните лица вработени во МО и АРМ, од страна на СОБ беше укажано дека тие во изминатиот период иако обавуваа должности и како воени лица, имаа примања кои не се достојни за професијата и институцијата во која работат. Од страна на министерката добивме уверување дека со новите дополни и измени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија таа неправда ќе биде исправена и цивилните лица во МО и АРМ ќе имаат достоинствени примања.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.