СРЕДБА ПОМЕЃУ СОЈУЗ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА И ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИНДИКАТ НА

ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА

Сојузот на синдикатите на Македонија денес, 22.11.2018 година одржа средба во Владата на Република Македонија на која присуствуваа претставници на Претседателството на ССМ предводени од Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претставници на Владата на Република Македонија предводени од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

На средбата се дискутираше за прашањата поврзани со унапредување на правата на работниците во Република Македонија, за драфт верзијата на новиот Закон за работните односи и вклученоста на синдикатите при подготовка на истиот, за функционирањето на трипартитниот социјален дијалог, за зголемување на платите во Република Македонија вклучително и минималната плата, за колективното преговарање и склучувањето на колективни договори за јавниот и приватниот сектор, за најавената реформа во јавната администрација како и за останати прашања кои се значајни за унапредување на положбата на работниците во Република Македонија.

 

Претседателот на ССМ и претседателите на синдикатите од јавен сектор ја истакнаа потребата од склучување на нов Општ колективен договор за јавниот сектор за што од Владата беше искажана подготвеност да отпочне процесот за преговори.

На средбата од страна на претседателот на Синдикатот на Одбраната и безбедноста (СОБ), Ристо Ајтов беше истакнато дека е потребно веднаш да се отпочне со консултација со синдикатите од јавниот сектор во врска со претстојната реформа на јавната администрација.

Ставот на СОБ е дека на сите вработени во МО, АРМ, ЦУК и ДЗС во текот на реформата на јавната администрација им се загарантирани работните места во државните институции согласно нивните сегашни работни позиции.

Второто залагање на СОБ е дека треба веднаш да се пристапи кон социјален дијалог со владата на Република Македонија и да се потпише општиот Колективен договор за Јавниот сектор, во кој ќе бидат предвидени повисоки плати и задолжителен регрес за годишен одмор.


Претставнците на ССМ и Владата на Република Македонија изразија задоволство од конструктивноста на денешната работна средба и заеднички констатираа дека има потреба од редовно одржување на меѓусебни средби на ова ниво со оглед на тоа што вакви директни средби помеѓу ССМ и Владата на Република Македонија не биле одржани повеќе од 12 години.

Со почит,
Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.