Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 09.09.2016 до 12.09.2016 година во хотел „Десарет“ во Охрид ги организираше и одржа ХIV-тите Синдикални спортски натпревари.
На игрите зедоа учество околу 450 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.
За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана г-дин Зоран Јолевски како и началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, дадоа огромна помош и подршка во организацијата на игрите, во вид на логистичка и медицинска подршка.
Отварање на синдикалните спортски натпревари се одржа на ден 09.09.2016 година во 17:00 часот и истото започна со свечено дефиле и постројување на натпреварувачите. На присутните натпреварувачи им се обрати директорот на ГШ на АРМ генeрал мајор Димче Петровски која ги поздрави натпреварувачите и им посака да имаат успех во натпреварувањата и посочи дека е позитивно што Синдикалните спортски натпревари ја задржаа својата традиционалност и како такви треба и понатаму да се негуваат. „Нека победат најдобрите“ – им порача на учесниците директорот на ГШ на АРМ во своите завршни зборови по што игрите ги прогласи за отворени.
Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, во машка и женска конкуренција.
Победници по дисциплини се :
- I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Кичево;
- I-во место во Баскет (м), РОО-Прилеп;
- I-во место во Баскет (ж), РОО-Штип;
- I-во место во Одбојка (м), РОО-Тетово;
- I-во место во Одбојка (ж), РОО-Чојлија;
- I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Куманово;
- I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-Илинден;
- I-во место во Шах (м), РОО-Кичево;
- I-во место во Шах (ж), РОО-МО-ГШ;
- I-во место во Пикадо (м), РОО-Прилеп;
- I-во место во Пикадо (ж), РОО-ТРЦ (ВМЦ);
- I-во место во Влечење на јаже (м), РОО-пСО;
- I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО- Куманово;
- I-во место во Стрелаштво (м), РОО-ЦУК;
- I-во место во Стрелаштво (ж), РОО- ЦУК,.
Најдобри резултати во дисциплината Пикадо во машка конкуренција постигна Златко Митревски, а во женска конкуренција Анкица Невеселова.
Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Драгослав Кудрановиќ, а во женска конкуренција Сузана Тасевска.
И оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите со свои екипи учество зедоа и претставници на Воениот синдикат од Р. Србија со кои беа одржани неколку работни средби и беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите.
После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, истите за затворени ги прогласи претседателот на СОБ г-динот Ристо Ајтов кој пред учесниците на Синдикалните спортски натпревари на сите членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија им упати порака активно и помасовно да учествуваат во сите активности што ги организира Синдикатот на Одбраната и Безбедноста, а посебно во активностите за остварување на повисоки плати и дневници и подобри услови за работа.
Со почит, Синдикат на одбраната и безбедноста