На ден 10.12.2015 година во Дојран е одржан Конгресот на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста на кој присуствуваа и одлучуваа со право на глас делегати предложени од сите Регионални Основни Организации на СОБ.
Согласно Статутот на СОБ, Одлуките на Советот и Извршниот одбор на СОБ, Упатството за спроведување на избори во СОБ, како и пристигнатите записници од сите Регионалните Основни Организации при СОБ, делегатите на Конгресот едногласно ја креираа стратегијата и идното делување на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во наредниот мандат.
Присуството на сите делегати од сите Регионалните Основни Организации при Синдикатот на Одбраната и Безбедноста уште еднаш го покажаа единството и сплотеноста на сите членови на СОБ.
Главната порака со која што членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста преку своите делегати го задолжија избраниот претседател на СОБ г-дин Ристо Ајтов како и ораганите и телата на СОБ е дека борбата за правата на вработените во МО, АРМ, ЦУК и ДЗС треба да продолжи со уште пожестоко темпо и дека сите единствени ќе застанеме на браникот бранејќи ги работничките права.
Со почит,
Синдикат на одбраната и безбедноста