Синдикални спортски натпревари

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 25.09.2015 до 28.09.2015 година во хотел „Десарет“ во Охрид ги организираше и одржа ХIII-тите Синдикални спортски натпревари.

На игрите зедоа учество околу 350 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.

За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана г-дин Зоран Јолевски како и началникот на ГШ на АРМ  генерал потполковник Методија Величковски, дадоа огромна помош и подршка во организацијата на игрите, во вид на логистичка и медицинска подршка.

Свеченото отварање се одржа на ден 25.09.2015 година во 17:00 часот и истото започна со свечено дефиле и постројување на натпреварувачите. На присутните натпреварувачи им се обрати шефот на кабинетот на министерот за одбрана г-ѓица Марија Рашковска која ги поздрави натпреварувачите и им посака да имаат успех во натпреварувањата. Директорот на ГШ на АРМ генeрал мајор Димче Петровски им се обрати на присутните учесници каде посочи дека е позитивно што Синдикалните спортски натпревари ја задржаа својата традиционалност и како такви треба и понатаму да се негуваат. „Некапобедат најдобрите“ –  им порача на учесниците  директорот на ГШ на АРМ во своите завршни зборови по што игите ги прогласи за отворени.

Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

Победници по дисциплини се:

  •  I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Штип;
  • I-во место во Кошарка (м), РОО-Прилеп;
  • I-во место во Баскет (ж), РОО-Илинден;
  • I-во место во Одбојка (м), РОО-Кичево;
  • I-во местово Одбојка (ж), РОО-Кичево;
  • I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Куманово;
  • I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-Петровец;
  • I-во место во Шах (м), РОО-Кичево;
  • I-во место во Шах (ж), РОО- МО-ГШ;
  • I-во место во Пикадо (м), РОО-Куманово;
  • I-во место во Пикадо (ж), РОО-Куманово;
  • I-во место во Влечење на јаже (м), РОО-Штип;
  • I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО- Куманово;
  • I-во место во Стрелаштво (м), РОО-ЦУК;
  • I-во место во Стрелаштво (ж), РОО- МО-ГШ.

Најдобри резултати во дисциплината Пикадо во машка конкуренција постигна Звонко Станковски од ВП 8043 Скопје, а во женска конкуренција Емилија Петрушевска од РОО-Куманово.

Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Владимир Зафировски од РОО-ЦУК, а во женска конкуренција Елизабета Петрушевска од ВМЦ.

На ревијалниот натпревар во стрелаштво со воздушна пушка победник беше екипата на СОБ, а второто место го освои екипата на Воениот синдикат на Р. Србија.

За најдобар стрелец во ревијалниот натпревар во стрелаштво е прогласен Горан Радиќ од екипата на Воениот синдикат на Р. Србија.

Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите присуствуваа преставници на Воениот синдикат од Р. Србија  со кои беа одржани неколку работни средби на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите.

После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, истите за затворени ги прогласи Директорот на ГШ на АРМ генeрал мајор Димче Петровски.

Синдикат на Одбраната и Безбедноста

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.