Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), дека успешно се завршени уште едни преговори со министерството за одбрана во насока на подобрување на правата од работен однос на вработените во МО и АРМ.
Имено, се работи за почитување на одредбата од Колективниот договор на министерството за одбрана за исплаќање на отпремнина за пензионирање во висина од 5 (пет) нето плати наместо досегашната отпремнина од 3 (три) нето плати. Односно, на ден 23.09.2015 година од страна на министерот за одбрана до Министерството за финансии е испратен Акт бр.14-5265/1 во кој Министерството за финансии се известува дека исплатата на отпремнина при одење во пензија ќе се исплатува согласно член 96 од Колективниот договор на Министерството за одбрана (Сл.весник на РМ бр.108 од 31.07.2013 година), воедно се известуваат потчинетите сектори, команди и единици дека при изработка на решенијата за отпремнина при одење во пензија да се постапува согласно член 96 од Колективниот договор, односно на работникот при одење во пензија ќе му се исплатува отпремнина во висина од 5 (пет) нето плати, пресметано од просечната месечна нето плата исплатена во Република Македонија.
Со почит,
Синдикат на одбраната и безбедноста