Би сакале да Ве известиме дека Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), како единствен репрезентативен синдикат во рамките на МО и АРМ во изминатиот период интезивно разговараше со социјалниот партнер, односно со министерството за одбрана, за подобрување на стандардот на вработените во МО и АРМ. Истовремено СОБ разговара и за потпишување на Правилникот за дополнителни бодови за вршење на специфична служба во АРМ.
Согласно досегашните разговори, очекуваме дека во скоро време ќе биде реализиран проектот за зголемување на стандардот на вработените во МО и АРМ со кој професијата „припадник на безбедносните сили“ ќе се издигне на повисоко ниво.
Со почит,
Синдикат на одбраната и безбедноста