Известување

Се известуваат членовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), дека на ден 24.12.2014 година се одржа состанок со министерот за одбрана. На состанокот беше разговарано за дел од проблемите со кои се соочуваат членовите на СОБ – вработени во МО и АРМ.

На средбата од страна на СОБ присуствуваа претседателот Ристо Ајтов, генералниот секретар Ацо Спасовски, членовите на Извршниот одбор и претседателот на РОО-Илинден, а од страна на Министерството за одбрана покрај министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше и НГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески како и раководители на сектори во МО.

Од одржаната средба изготвен е записник кој ви го пренесуваме во интегрална форма:

            “На ден 24.12.2014 година во просториите на Министерството за одбрана (Кожна сала), со почеток во 10:30 часот, се одржа состанок на Министерот за одбрана и Началникот на ГШ со претседателот на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста.
Состанокот беше одржан на барање на Синдикатот за одбрана со цел изнесување на барања и проблеми со кои моментално се соочува синдикатот.

По кратката дискусија меѓу присутните на состанокот, Министерот ги даде следните насоки и заклучоци:

  • Во врска со проблемот со користењето на слободни денови кај воените лица, дадени се насоки до НГШ, слободните денови да се даваат на користење редовно и командантите на единиците да водат сметка да не доаѓа до нивно зголемување.
  • На реакција на Синдикатот во врска со тужбите кон МО и условите за пензионирање, Министерот даде објаснување дека нема протекционизам по ниедна основа и дека во тек е решавање на одредени наследени амномалији во работењето. Дадени се насоки до раководителот на СПР (секторот за правни работи) да формира посебна комисија која ќе работи на нивно решавање.
  • Министерот нагласи дека сите мора да ги почитуваат законите и одредбите од колективниот договор и даде насоки за формирање на заедничка комисија која би ги следела примената на одредбите од договорот. Комисијата е потребно да се формира најкасно до 15 јануари 2015 година од кога би почнала со работа“.

 

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.