XI-та седница на Советот на СОБ

1

На ден 27.10.2014 година одржана е XI-та Седница на Советот на СОБ.  На почетокот на седницата извршена е верификација на нов член на Совет од РОО-ДЗС, а тоа е председателот на РОО-ДЗС Грозданка Наумовска, која се претстави пред членовите на Советот. Потоа  се усвои записникот од минатата седница. Во втората точка од дневниот ред  предлог програма и финансиски план за подршка на програмата на СОБ за 2015 година, претседателот на СОБ му даде збор на генералниот секретар Ацо Спасовски да ја презентира предлог програма и финансиски план за подршка на програмата на СОБ за 2015 година пред членовите на Советот. Програмата и финансискиот план за подршка на програмата на СОБ за 2015 година беше усвоена едногласно.

2Во третата точка од дневниот ред претседателот на СОБ му даде збор на членот на ИО Драгољуб Столески, одговорен за реализација на игрите, да ја образложи анализата за XII-ти  Синдикалните спортски натпревари.
Во понатамошниот тек од состанокот Драгољуб Столески пред членовите на Советот ја образложи анализата за  XII-ти  Синдикални спортски натпревари.

Во четвртата точка од днениот ред членовите на Советот едногласно донесоа ОДЛУКА за набавка на новогодишни пакетчиња и работни средства.

4Во петата точка од дневниот ред од страна на членовите на Советот се завзема став дека има потреба за дообјаснување односно дополна на правилникот за солидарен фонд во членот 8 став 4 болничко лекување.

Во шестата точка од дневниот ред од страна на членовите на Советот се дискутираше и се допрецизираа условите под кои може да престане членството во СОБ.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.