Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 05. – 08. Септември 2014 година во хотел „Десарет“ во Охрид ги организираше и одржа ХII-тите Синдикални спортски натпревари.
На игрите зедоа учество околу 350 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.
За успешно организирање на годинешните Синдикални спортски натпревари Министерот за oдбрана г-дин Зоран Јолевски како и началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески, дадоа огромна помош и подршка во организацијата на игрите, во вид на логистичка и медицинска подршка.
Свеченото отварање се одржа на ден 05.09.2014 година во 16:30 часот и истото започна со свечено дефиле и постројување на натпреварувачите. Директорот на ГШ на АРМ генeрал мајор Димче Петровски ги отвори игрите и им се обрати на присутните учесници каде посочи дека е позитивно што Синдикалните спортски натпревари ја задржаа својата традиционалност и како такви треба и понатаму да се негуваат. „Нека победат најдобрите“ – им порача на учесниците директорот на ГШ на АРМ во своите завршни зборови по што игите ги прогласи за отворени.
Претседателот на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста Ристо Ајтов, пред присутните членови на СОБ посочи дека од оваа година игрите се одржуват на друга локација и во подобрени услови. „Нека игрите поминат во фер-плеј натпреварување, покрај натпреварувањето имајте и пријатни дружења со вашите колеги од другите Синдикални регионални основни организации“ – им порача претседателот на СОБ.
Учесниците на Синдикалните спортски натпревари се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.
Победници по дисциплини се :
- I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Кичево,
- I-во место во Кошарка (м), РОО-Тетово,
- I-во место во Баскет (ж), РОО-Куманово,
- I-во место во Одбојка (м), РОО-Тетово,
- I-во место во Одбојка (ж), РОО-Кичево,
- I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Куманово,
- I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-ТРЦ,
- I-во место во Шах (м), РОО-Кичево,
- I-во место во Шах (ж), РОО-Тетово,
- I-во место во Пикадо (м), РОО-Куманово,
- I-во место во Пикадо (ж), РОО-Штип,
- I-во место во Влечење на јаже (м), РОО-Штип,
- I-во место во Влечење на јаже (ж), РОО-Петровец,
- I-во место во Стрелаштво (м), РОО-Тетово,
- I-во место во Стрелаштво (ж), РОО-МО и ГШ.
Најдобри резултати во дисциплината Пикадо во машка конкуренција постигна Драган Божиновски, а во женска конкуренција Весна Петковиќ.
Најдобри резултати во дисциплината стрелаштво во машка конкуренција постигна Ванчо Петкоски, а во женска Сузана Тасевска.
Како и минатата година и оваа година игрите имаа значење од меѓународен карактер, бидејќи на игрите присуствуваа преставници на Синдикалните организации од Република Србија и Република Хрватска со кои беа одржани неколку работни средби на кои беа разменети искуства од синдикалното работење и начинот на решавање на проблемите во државите од кои што доаѓаат.
После успешно завршените Синдикални спортски натпревари, истите за затворени ги прогласи државниот секретар во министерството за одбрана г-дин Сашо Стефановски кој на учесниците покрај поздравите од министерството за одбрана им порача дека во следниот период престои опремување на единиците на АРМ со нова опрема (чизми и униформа) односно подобрување на стандардот на вработените.