X-та седница на Советот на СОБ

11

На ден 05.06.2014 година одржана е X-та Седница на Советот на СОБ. На почетокот се усвои записникот од минатата седница. Во понатамошниот тек од состанокот му беше даден збор на претседателот на Надзорниот одбор Тони Цветковски кој го презентираше годишниот извештај од Надзорниот одбор.

Претседателот на Надзорниот одбор истакна дека средствата се трошени согласно законските прописи и според одлуките донесени од органите и телата на СОБ.

22Претседателот на СОБ, истакна дека горенаведените трошоци се базирани врз основа на годишниот план и програма за работа на СОБ, како и финансискиот план за 2013 година, и се однесуваат на синдикалните игри, новогодишните пакетчиња, осмомартовски подароци, тековно работење, надоместоци за состаноци и други активности.По дискусијата по годишниот извештај од надзорниот одбор се помина на гласање, при што истиот беше едногласно усвоен со 20 гласа „ЗА“  од членовите на Советот .

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.