Соработка помеѓу СОБ и ЗОК

На ден 26.02.2014 година во Здружено Оперативната Команда (ЗОК) се оддржа состанок помеѓу клучниот персонал од ЗОК, првопотчинетите единици и раководството на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ),  на кој беа разгледани прашања поврзани со  животот и работата на припадниците на Армијата на Република Македонија, односно тежиште на разговорот беше дадено на следните прашања:

1. Почитување на одредбите од законите кои ја регулираат службата, работните односи и синдикалното делување во АРМ  (Законот за Работни Односи, Законот за служба во АРМ,  и Колективниот Договор).

Синдикално делување

  • воспоставување на партнерски односи со соодветните команди на единиците во рамките на ЗОК;
  • примена и почитување на Колективниот договор во единиците во рамките на ЗОК;
  • имплементација на Уредбата донесена од страна на владата на Р.М за единици од посебно значење во Армијата.

2. Третманот на вработените во делот на прекоманди, посебно за лицата кои се со место на живеење подалеку од местото на работа и немаат организиран превоз.

3. Активности за надминување на проблемите со надоместокот за закупнина – измена на Законот за служба во АРМ.

За текот на одржаната средба помеѓу Синдикатот на Одбраната и Безбедноста и Здружено Оперативната Команда, на IХ-тата седница на Советот на СОБ одржана во месец Март 2014 година беа запознаени претседателите на Регионалните основни организации на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста како и останатите членови на Советот кои што со своите дискусии и залагања ги формулираа идните правци на делување на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.