Дел од мартовските активности во ЦУК

Во овој неколкугодишен период имавме конструктивни односи, при официјални состаноци или средби со раководството на Центарот за управување со кризи на Владата на Република Македонија – ЦУК. Ние и понатаму ќе ја практикуваме конструктивна соработка, особено што и според неофицијалните контакти во овој изминат период, на средбите што ги остваривме, имавме позитивни решенија при соработка на релација Синдикат – Раководство на ЦУК, а особено со директорот и со заменик директорот на ЦУК. Во контекст на таа соработка, преговарање и договорање со раководството на ЦУК, на агендата за точки за разгледување и нотирање, за дискусија и за решавање, неодминливо се неколку работни точки, коишто се навидум банални, но… се во сверата на интересот на нашите членови, а секако, аналогно на тоа и за сите колеги според условите во нашата работна средина, а и пошироко во јавната администрација. Конкретно:

  1. Решавање на унапредувањето во повисоки звања на државните службеници, наши членови, кои што се повеќе време (над 3, 5 и 8, а и повеќе години) во исти ниски и дури и во почетнички звања во ЦУК. (за стручни звања, конкретно, помлад соработник, соработник, виш соработник и советник и за стручно-административни звања, поточно, помлад референт, референт и виш референт). Истовремено, вршиме и нотирање на досегашна појава на именување на раководни места и во стручни звања нововработени со статус државни службеници или нововработени од други средини без искуство во сверата на управувањето со кризи, а и во одбраната и безбедноста. Со таквото кадровско пополнување честопати се оштетени веќе искусните долгогодишни наши колеги и колешки во ЦУК.
  2. Решавање на статусот вршители на должноста (ВД) раководители на одделенија, сектори, наши членови, а коишто со стаж се повеќе години (над 3, 5 и 8, а и повеќе години) во сверата на одбраната и безбедноста.
  3. Соработка при изготвување нова систематизација во ЦУК и вклучување и на Синдикатот во процесот на изготвување.
  4. Формирање заедничка Комисија за формулирање и на конкретен Колективен договор меѓу Синдикатот на вработените во ЦУК и конкретната дирекција, ЦУК, врз осонова на досегашни општи и колективни договори што се валидни во Република Македонија.
  5. Иницијатива за осигурување на сите вработени во ЦУК.

1Cuk-Sindikat-grupna-foto-8-Mart-2014Ете, тоа, меѓу другото, беше повторно актуелизирано за сегашни и за идни активности од страна на претседателот на Синдикатот на вработените во ЦУК, Илија Бојаровски на почетокот на Отворената средба по повод 8-ми Март во Центарот за управување со кризи.

На средбата присуствуваше и претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), Ристо Ајтов.

12Cuk-SindikatИнаку, Отворената средба, покрај што е отворена за секого, има организационен облик токму како и нејзиното име, со тоа што вработените во периодот од 1 час флуктуираат, поточно доаѓаат во салата и си одат, согласно нивното слободно време и фрекфенцијата на нивните работни задачи во ЦУК.

Со тоа се остварува повеќеслојно дружење и развивање на меѓучовечките односи, не само во Синдикатот, туку и во целокупниот колектив на Центарот за управување со кризи.

На членките на Синдикатот на вработените во ЦУК, во пријатна атмосфера, од страна на потпретседателот на Синдикатот на вработените во ЦУК, Иван Митевски, им беа доделени и традиционалните подароци предвидени со годишната програмата на Синдикатот.

7Cuk-Sindikat

Со почит, Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи, претседател, м-р Илија Бојаровски Сл. тел. 02/3249-165 и 070-376-502 ilija.bojarovski@cuk.gov.mk

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.