Синдикални спортски натпревари

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во периодот од 06-09. Септември 2013 година во хотелот „Еуротел“ во Струга ги организираше и одржа XI-тите синдикални спортски натпревари.

На игрите зедоа учество околу 363 лица, членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста рамномерно застапени од сите Регионални основни организации врз основа на бројот на членовите.

За успешно организирање на годинешните синдикални спортски натпревари Министерот за одбрана г-дин Талат Џафери како и началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески, дадоа огромна помош и подршка во организацијата на игрите, во вид на логистичка и медицинска поддршка.

Свеченото отварање се одржа на ден 06.09.2013 година во 17.00 часот и истото започна со свечено дефиле и постројување на натпреварувачите. Министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Талат Џафери ги отвори игрите и им се обрати на присутните учесници каде посочи дека целта на игрите е да се одржи физичката подготвеност на припадниците на МО и АРМ, како и непрекинато да продолжи да се развива тимскиот и спортскиот дух. “Спортското дружење, рекреација и здравиот дух ни помагаат и во нашето секојдневно извршување на работните задачи и во нашето прераснување во подобри личности“, истакна министерот Талат Џафери. Исто така министерот посочи дека спортот преставува медиум каде се градат врвни човечки особини и каде што дисциплината и личната саможртва директно се одразува и придонесува кон успехот на сопствениот тим.

Претседателот на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста Ристо Ајтов, пред присутните членови на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста посочи, “имајќи предвид дека бројот еден значи почеток, 11-ти синдикални спортски игри преставуваат уште посилен почеток, кој гарантира голем елан, успех, фер игра и секако забава и дружење”.

Учесниците на синдикалните спортски игри се натпреваруваа во следните дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, шах, влечење на јаже, пикадо и стрелаштво, и тоа во машка и женска конкуренција.

Победници по дисциплини се:

  • I-во место во Мал фудбал (м), РОО-Куманово,
  • I-во место во Кошарка (м), РОО-Тетово,
  • I-во место во Баскет (ж), РОО-Кичево,
  • I-во место во Одбојка (м), РОО-Тетово,
  • I-во место во Одбојка (ж), РОО-Кичево,
  • I-во место во Пинг-понг (м), РОО-Петровец,
  • I-во место во Пинг-понг (ж), РОО-Штип,
  • I-во место во Шах (м), РОО-Кичево,
  • I-во место во Шах (ж), РОО-Илинден,
  • I-во место во влечење на Јаже (м), РОО-Штип,
  • I-во место во влечење на Јаже (ж), РОО-Куманово,
  • I-во место во Стрелаштво (м), РОО-ЦУК и
  • I-во место во Стрелаштво (ж), РОО-Велес.

Во рамките на синдикалните спортски натпревари беа оддржани и ревијални натпревари помеѓу тимовите на МО и АРМ со тимовите на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста кои ги освоија првите места во дисциплините фудбал и стрелаштво.

Победник на ревијалните натпревари во фудбал и стрелаштво со малокалибарски пиштол беше екипата на ГШ на АРМ.

За првпат оваа година синдикалните спортски натпревари добија значење од регионален карактер, бидејки на истите присуствуваа и преставници на Синдикалните организации од Хрватска, Црна Гора и Албанија, со кои беа одржани и неколку работни средби.

После успешно завршените синдикални спортски натпревари, истите за затворени ги прогласи генерал мајор Димче Петровски.

Со почит,

Синдикат на Одбраната и Безбедноста
Претседател
Ристо Ајтов

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.