Средба на СОБ со Командантот на Здружено Оперативната Команда

На ден 17.05.2013 година одржана е средба на СОБ со Командантот на Здружено Оперативната Команда во Куманово.

На средбата присуствуваа Командантот на ЗОК бригаден генерал Методија Величковски, Шефот на кабинет потполковник Зоран Илиев, Началникот на Ј-1 полковникот Митко Наков, Началникот на Ј-4 потполковник Живко Деспотовски, правниците – потполковник Драган Божиновски и цивилно лице Руди Цветковски.

Од страна на Синдикат на Одбраната и Безбедноста присуствуваа: Претседателот на СОБ Ристо Ајтов, Генералниот секретар на СОБ Ацо Спасовски, преставници од ТРЦ цивилно лице Оливер Стојановски – член на Надзорен одбор, цивилно лице Гафур Беќири – Претседател на РОО-ТРЦ  и водник Марјан Цветковски – заменик претседател на РОО-ТРЦ.

На средбата се водеше дискусија по следните прашања:

1. Почитување на одредбите од законите кои ја регулираат службата, работните односи и синдикалното делување во АРМ  (Законот за Работни Односи, Законот за служба во АРМ, Законот за Безбедност и Здравје и Колективен Договор).

а. Унапредување на работните услови и заштита на вработените при извршување на секојдневни задачи:

  • ХТЗ опрема
  • користење на небаждарена и неиспитана опрема.

б. Синдикално делување:

  • воспоставување на партнерски односи со содветните команди на единиците во рамките на ЗОК,
  • реализација на заеднички активности.

в. Задолжително редовно информирање на вработените:

  • измена на закони,
  • донесени подзаконски акти – правилници, упатства и уредби.

2. Третманот на цивилниот персонал и решавање на проблемите на вработените предизвикани од недоследностите кои се појавуваат во новата формација на АРМ.

3. Активности за надминување на проблемите со надоместокот за закупнина – измена на Законот за служба во АРМ.

Средбата траеше околу 2 часа и согласно дискусиите по горенаведените прашања се заземаа ставови во насока на подобрување на односите помеѓу социјалните партнери на ниво на соодветните команди во рамките на ЗОК од една страна и РОО на СОБ од друга страна како и воспоставување на подобри работни услови и редовно информирање на вработените – членови на СОБ.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.