Предлог за решавање на проблемот на професионалните војници

На ден 30.09.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски кој даде предлог за решавање на проблемот на пфв после 38 години. Предлогот е „Активна резерва” и истата како што истакна министерот ќе важи за сите пфв кои си заминале со 38 години и ако се биде како што е планирано ќе важи од 01.01.2010 година. Професионалните војници кои ќе бидат во активната резерва ќе можат да работат и истовремено да бидат во активната резерва каде што ќе добиват и надоместок за нивното ангажирање, а можно е да одат и во мисии ако ги исполнуват условите за одење во мисија.
Г-дин Зоран Коњановски го престави и новиот проект „АРМ мој вистински дом” каде што припадниците на Армијата кои немат станови ќе можат да си купат станови по повластени услови на 10 години. Каматата ќе ја плаќа министерството кое ќе обезбеди и локации за градење на становите.
Во продолжение на состанокот од страна на Ацо Спасовски беше истакнат проблемот за немање на кантина во гарнизонот Куманово на што министерот одговори дека за ова ќе даде одговор на наредната средба.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.