На ден 17.03.2009 година остварена е средба помеѓу раководството на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) со г-дин Емил Димитриев, заменик на министерот за одбрана, а во врска со офицерите со вишо школо кои ги има 65 (шеесет и пет) од кои на спроведената анкета 39 (триесет и девет) се имат изјаснето за дошколување, а 26 (дваесет и шест) за пензионирање со 25 (дваесет и пет) години работен стаж како што е прецизирано во Законот за служба.
Истиот ден раководството на СОБ со уште пет цивилни лица со државниот секретар г-дин Петар Есмеров оствари средба и ги изнесе проблемите на цивилните лица вработени во АРМ и исто така државниот секретар беше запознаен со барањата на цивилните лица околу нивниот статус, државниот секретар истакна дека на наредната средба која ќе биде наскоро ќе се разговара за поконкретни работи, а во врска со проблемот на цивилните лица и можноста за нивно пензионирање со 25 (дваесет и пет) години работен стаж.
Средба на раководството на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста со г-дин Емил Димитриев
Bookmark the permalink.